Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

September 11, 2025
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела.

Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави дека Диела, што на албански значи Сонце, ќе ги води и доделува сите јавни тендери, за што Владата ангажира приватни компании.

– Диела е првиот член на кабинетот, кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден со вештачка интелигенција. Таа ќе ја претвори Албанија во земја каде што јавните тендери ќе бидат 100 проценти ослободени од корупција. Новата министерка задолжена за јавни тендери нема да биде поткуплива, нема да може да ѝ се заканува некој ниту некој да ѝ се додворува. И тоа е затоа што Диела, е бот генериран со вештачка интелигенција, наведе Рама, претставувајќи го својот нов кабинет.

Јавните тендери долго време се извор на корупција во земјата. Таквата слика го отежна пристапот на Албанија кон ЕУ, што Рама сака да го постигне до 2030 година.

Политичките аналитичари го сметаат ова за амбициозно. Владата не наведе дали Диела ќе биде следена од луѓе или како ќе се отстрани ризикот од можна манипулација.

Диела беше претставена претходно оваа година како виртуелен асистент со вештачка интелигенција на платформата е-Албанија за добивање владини документи.

Многумина не веруваат во неа. „Дури и Диела ќе биде корумпирана во Албанија“, коментираше еден корисник на Фејсбук. „Кражбите ќе продолжат, а Диела ќе биде обвинета“, додаде друг.

Конститутивната седница на новиот законодавен дом избран на 11 мај, е закажана за утре. Следниот ден Рама го доставува Предлог-составот на новата влада до шефот на државата, кој пак во рок од седум дена треба да потпише уредба за нејзино одобрување. Потоа во рок од 10 дена ќе бидат ставени на гласање во Собранието, што ќе биде само формално, бидејќи социјалисти имаат 83 од вкупно 140 пратеници. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

Следно

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Latest from Blog

Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

Креативноста не е нешто што може да чека на „кога се ослободат рацете“. За Ирина Атанаскова, позната на социјалните мрежи и во уметничките кругови како тату-артистот Ina Nameless, таа е основна потреба,

Жестоко соопштение на Бенфика: Скандалозно, неодбранливо, неприфатливо

Бенфика остро реагираше по контроверзната победа на градскиот ривал Спортинг против Санта Клара во натпревар од Купот на Португалија. Спортинг губеше сè до самата завршница, кога по маратонска, дванаесетминутна ВАР-проверка им беше

Битола доби почесен конзулат на Австрија

Со пригодна свеченост денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски. Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“ во Битола. На

Путин: Непријателот се повлекува во сите правци, руските сили напредуваат на фронтот

Претседателот на Русија изјави дека украинските сили се повлекуваат на сите правци и дека иницијативата на фронтот сега ѝ припаѓа на руската армија. „Откако украинската војска беше протерана од територијата на Курската

Најбарани професии лани во ЕУ биле во продажба, маркетинг и производство

Највисока стапка на слободни работни места во ЕУ лани е регистрирана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој, со 8,4%. Ова значи дека оваа професија имала најголема незадоволена побарувачка за работна сила,
Go toTop