Албанија предлага формирање заеднички тимови за размена на информации околу мигрантските текови по балканската рута до ЕУ

September 17, 2024
1 min read

Албанскиот министер за внатрешни работи, Ервин Хоџа, на средбата во рамки на Берлинскиот процес, што се одржува во Берлин, предложил формирање заеднички тимови за размена на информации во реално време за мигрантските текови во Западен Балкан.

-Меѓусебната соработка и размената на информации е неопходна. Предлагам формирање заеднички тимови за размена на податоци и анализи, во реално време, околу мигрантските текови по балканската рута до ЕУ, предложил Хоџа, објави АТА.

Информирал дека се преземени низа иницијативи кои ја зголемиле не само координацијата со земјите од регионот и ЕУ, туку и заложбите преточени во национални цели врз основа на актуелните безбедносни предизвици.

Оценил дека зајакнувањето на националниот механизам за реинтеграција останува приоритет за Албанија.

Задржувајќи се на заеднички реализирани акции нагласил дека годинава биле спроведени 77 акции во соработка со меѓународните партнери, пола од нив во сферата на наркотиците и недозволената трговија од секаков вид.

Ја потврдил позицијата на Албанија за понатамошно интензивирање на регионалната соработка во рамките на овој Процес.

На средбата во Берлин учествуваа министри за внатрешни работи од земјите на Западен Балкан и земјите од ЕУ вклучени во оваа платформа.

На оваа средба, која се одржа во Берлин, каде што овој процес го започна пред 10 години поранешната канцеларка Ангела Меркел, се разговарало за илегалната миграција и организираниот криминал.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување на нови дестинации, ќе ги избереме најдобрите

Следно

Николоски: Ја забрзавме постапката за експропријација за поефикасно да ги градиме автопатите на Коридор 8 и 10 д

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се
Go toTop