Николоски: Ја забрзавме постапката за експропријација за поефикасно да ги градиме автопатите на Коридор 8 и 10 д

September 17, 2024
1 min read

Денеска на владина седница поминаа бројни одлуки кои се поврзани со постапките за експропријација за изградба на автопатите Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола, објави заменик претседателот на Владата и министер за трaнспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој истакна дека се забрзани постапките за овие два автопати кои се наоѓаат на Коридор 8 и 10 д, се со цел да се заврши комплетно постапката и што поскоро да започнат да се градат.

“Ја забрзавме постапката за експропријација затоа што ако сакаме да градиме автопат мора да имаме прво чист терен. Посебно сме фокусирани на изградба на автопатите Гостивар до Букојчани или народски кажано Стража, како и на автопат од Прилеп до Битола и за таа цел денеска на седница на Влада донесовме бројни одлуки се со цел да поефикасно почнеме да ги градиме овие автопати.

Дополнително, одлична вест што сакам да ја кажам е дека работиме на изградба на вештачко езеро во Штип за наводнување и од рекреативен карактер, прво од ваков тип и прво во Источна Макеоднија, тоа е брана на река Отиња. За таа цел денеска донесовме одлука со која обезбедиме 2 милиони евра за дополнителни работи и очекувам до крајот на 2026 година да се заврши браната и да се полни езерото, а некаде после година дена после тоа да имаме и ново езеро во Македонија”- истакна министерот Николоски.

Во однос на состојбите во железницата, министерот потенцираше дека се продолжува со процесот на стабилизација во двете железнички претпријатија. Железница Транспорт доаѓа во состојба каде самостојно може да ги регулира обврските и тоа од фирма која пред нашето доаѓање на власт едвај се исплаќаше плата за вработените, сега тоа е надминат проблем, истакна министерот Николоски.

Тој најави сериозни планови за концептот градски воз во Скопје, со кој ќе му помогне на Градот да се реши сообраќајниот хаос а на граѓаните да се понуди ефикасен, брз и поевтин јавен превоз.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија предлага формирање заеднички тимови за размена на информации околу мигрантските текови по балканската рута до ЕУ

Следно

Украина ја повика меѓународната заедница да не ја поврзува со обидот за убиство на Трамп

Latest from Blog

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,
Go toTop