Албанија ја добива првата виртуелна министерка создадена со помош на вештачка интелигенција

September 12, 2025
1 min read

 Виртуелната жена облечена во традиционална албанска носија е наречена Диела, што на албански значи „сонце“, а ќе биде додолжена за одлуките за јавните тендери… очекувања на премиерот Еди Рама се дека на овој начин тие ќе бидат целосно транспарентни и 100% ослободени од корупција, бидејки според него вештачката интелегенција не може да биде поткупувана.

-Диела треба да стане слуга на јавните набавки, кои сакаме постепено да ги пренесеме на вештачката интелигенција, правејќи ја Албанија земја каде што јавните набавки се 100% неподмитливи и каде што секоја јавна набавка што поминува низ тендерската постапка е 100% чесна. Ова не е научна фантастика, но е една од должностите на Диела. – Еди Рама – премиер на Албанија

Рама објасни дека виртуелната министерка на јавноста и институциите ќе им биде достапна преку дигитални канали, но засега нема детали на кој начин таа ќе биде следена од можните ризици за неетичко користење на вештачката интелегенција.

Диела почетокот на годината првично беше лансирана како виртуелен асистент на државниот порал е-Албанија, каде преку гласовни команди на граѓаните и бизнисите им помага при извршување на речиси сите граѓански услуги во земјата.

Воведувањето на првата „бот“ министерка предизвика дебати низ речиси целиот свет за улогата на вештачката интелигенција во владините процеси. Според комуникологот Бојан Кордалов, програмирањето на вештачката интелегенција доаѓа од човечки фактор, што и натаму не ја исклучува во целост можноста од корупција.

– Да, вештачката интелегенција е платформа да биде независна, платформа да не дели и не привилигира, меѓутоа само доколку така биде програмирана..Разочарувањето може да биде големо ако секој човечки фактор не се вклучи во таа борба и изградиме систем во Западниот Балкан кој што целосно ќе ја искорени корупцијата. Вештачката интелегенција не треба да направиме да ги замени луѓето, туку да направиме да биде дополнителна подршка на секој човек.

Покрај виртуелната Диела, владиниот состав на Рама вклучува и уште 8 жени. Според него Албанија испраќа порака дека чекори кон европските трендови со засилена застапеност на жените во политиката и интеграција на нови технологии во владините процеси. Неговите очекувања се дека Албанија ќе стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година,  а дотогаш тој најави и дека има план државата да стане првата земја во светот без готовина, односно сите финансиски трошоци да бидат целосно дигитални.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алегри го одби Џака бидејќи е премногу бавен, а ПСЖ бидејќи е лига на „ергени и женети“

Следно

Пумпните хидроцентрали – ’рбетот на европската енергетска транзиција

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop