Албанија и Косово со најголем број баратели на азил во ЕУ од Балканот

May 28, 2024
1 min read

Албанските и косовските граѓани, во првиот квартал од годинава, ја предводат листата на баратели на азил од Западен Балкан, во земја од Европската унија, објавија албанските медиуми повикувајќи се на Гласот на Америка.

Според последниот извештај на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA), бројот на баратели од овие две земји е многу повисок во споредба со другите соседни земји како Северна Македонија, Србија, Босна Херцеговина и Црна Гора.

Според извештајот, во март до земјите на Европската унија биле поднесени 624 барања за азил од албански државјани, 513 од косовски, 340 од македонски, 272 од српски, 109 од БиХ и од 37 од Црна Гора.

Во февруари годинава, 744 барања за азил биле регистрирани од албански државјани во една од земјите на Европската унија, додека во јануари биле регистрирани 648 барања, или вкупно 2016 лица во првиот квартал.

-Според податоците на Агенцијата за азил на Европската унија во текот на 2023 година, вкупно 9.145 барања се поднесени од албански државјани во една од земјите на Европската унија. Најголем интерес на албанските граѓани за барања за азил, и минатата година и во првите три месеци од годинава, имало во земјите како Франција, Италија и Германија, наведуваат медиумите.

Испитаните случаи на Албанци имаат најмал број признанија за азил во земјите од Европската унија, што не надминува ни 1% од барањата.

Покрај во земјите од Европската унија, тенденција на албанските граѓани да бараат азил во текот на 2022 и 2023 година имало и во Велика Британија, каде се проценува дека чекаат на разгледување од 16 илјади до 20 илјади барања.

Во меѓувреме, годинава бројот на Албанци кои нерегуларно влегле во Англија преку каналот Ла Манш, според британските власти, е занемарлив.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тон емоции: Даниел Кајмакоски стопен во најубавата прегратка на светот

Следно

Израел испрати уште една борбена бригада во Рафа

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop