Албанија: Апелација ја поништи одлуката, печатот на ДП го доби крилото на Алибеај, за крилото на Бериша црн ден за правдата

March 3, 2023
1 min read

Апелацискиот суд во Тирана вечерва соопшти дека ја поништил одлуката на Основниот суд, со која се даваше право печатот на опозициската Демократска партија да го користи групата на Сали Бериша.

Со оваа одлука, ова право се враќа на демократите предводени од Енкелед Алибеај, кој по оставката на Љуљзим Баша, е вршител на должноста претседател на партијата.

Според одлуката ова прашање повторно се враќа на разгледување во Основниот суд во Тирана.

Приврзаниците на Алибеај ја поздравија одлуката и најавија дека в понеделник ќе се регистрираат во Централната изборна комисија за учество на локалните избори на 14 мај.

Тоа значи дека Бериша останува вон изборната трка под логото на партијата.

Оерд Булукбаши од крилото на Бериша оцени дека „ова е црн ден за правдата, за судот заробен од Рама”.

– Следниот чекор ќе го направат избраните органи на ПД, а не оние што ги избра премиерот Рама. Органите на ПД ќе носат одлуки. Одлуките на ПД ќе ги носат нејзините органи, ова беше црн ден за правосудството. Судот докажа дека конечно и тотално падна под копитата на Еди Рама, рече тој.

Одлуката судот ја донесе по пет часа соочувања со аргументи од двете страни и три часа расправа на судиите.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МЗ: Дистрибуирани нови количини инсулин во аптеките, пациентите се соодветно покриени

Следно

Светска банка: Штетата од земјотресот во Сирија проценета на 5,1 милијарда американски долари

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop