Ал Хилал на Меси му нуди 220 милиони евра по сезона

March 16, 2023
1 min read

Раководството на саудискиот прволигаш Ал Хилал е подготвено на фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси да му понуди договор кој вклучува заработка од 220 милиони евра по сезона, објави денеска угледниот шпански спортски весник „Марка“.

Весникот наведува дека Меси, во случај да ја прифати понудата за трансфер во Ал Хилал, би потпишал договор на повеќе години, а еден дел од парите би ги добил врз основа на договорот, додека другиот врз основа на маркетиншки активности.

„Меси во овој момент не е премногу заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, но неговиот татко неодамна беше фотографиран во Ријад каде, наводно, пристигнал за да разговара со локалните власти за изградба на градинка“, објави „Марка“’.

На почетокот на оваа година португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се пресели во Саудиска Арабија потпишувајќи договор со Ал Наср до јуни 2025 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени руски шпиони во Полска: Поставувале камери и подготвувале саботажа

Следно

Финскиот претседател вели дека Анкара донела одлука за членството на неговата земја во НАТО

Latest from Blog

Трамп: Блокадата е поефикасна од бомбите – Иран се задушува

Трамп изјави за израелскиот Канал 12 дека поморската блокада е „поефикасна“ од бомбардирањето и дека Иран се „задушува“, објави „Тајмс оф Израел“. Американскиот претседател рече дека Иран очајно сака договор за укинување

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација, 21 грло угинало по заловувањето

Државата ќе продава 71 говедо од познатиот кривопаланечки случај, стадо кое со години предизвикуваше реакции кај жителите, институционални препукувања и прашања за тоа како толкав број животни можеле да се движат без

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево се гради со полна пареа и ноќе

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, доцна вечерва извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид–Кичево. Николоски информираше дека
Go toTop