АКТЕРКАТА ТАМАРА РИСТОСКА ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ПРОГРАМАТА ЗА ТАЛЕНТИ НА БЕРЛИНАЛЕ

January 15, 2025
1 min read

Актерката Тамарa Ристоска ќе учествува на престижната програма Берлинале талентс на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој ќе се одржи до 13 до 23 февруари. На 23. издание на оваа програма Ристоска е избрана меѓу 3,836 пријавени од 123 држави, а таа е единствената учесничка од регионот.

Берлинале талентс е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува уметноста и процесот на создавање филмови. Основана во 2003,  оваа програма е препознатлива како еден од водечките форуми за филмски професионалци и ентузијасти.

„Учеството на Берлинале таленст е огромно признание не само за мене, туку и за македонската културна сцена, покажувајќи дека нашите уметници имаат капацитет да се докажат на највисоко светско ниво“, вели Ристоска.

Годинашна тема на Берлинале талентс е „Слушај храбро – филмски наративи во време на несогласување“ (Listen Courageously – Cinematic Narratives in Times of Dissonance), која ќе ги истражува значењето и важноста на слушањето во уметноста. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебати, работилници и дискусии со светски познати предавачи. Во изминатите години, учесници на главните теми биле ѕвезди како Мартин Скорсезе, Кејт Бланшет, Кристен Стјуарт, Рубен Остлунд.

Ристоска глумеше во филмовите „Мими“, „Проблемот на Тина“, „Обичната Ели“, „Return to Silent Hill“, „Verified Target“, македонските ТВ-серии „Фамилијата Марковски“ и „Тинејџерски Камп“, како и во српски продукции. Нејзини нови проекти се улогите во режисерското деби на Сара Климоска „Нова енергија“, филмот „Лубарда“ на Горан Радовановиќ, како и „Рака на правдата“ (Ruka Pravde) на Немања Ќераниќ, каде ја игра една од главните улоги.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатот на УПОЗ работи под притисок на повеќе министерства, Деановски ќе ги посочи наскоро

Следно

Глумците Пеат – сценски спектакл на музиката и театарот

Latest from Blog

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop