Синдикатот на УПОЗ работи под притисок на повеќе министерства, Деановски ќе ги посочи наскоро

January 15, 2025
1 min read

Секој обид на Владата или на политичките партии да докажат дека има политика во протестите или во работата на Синдикатот ќе им биде залуден. Ова денеска го изјави претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, на вториот ден од протестот на вработените во шест министерства и две институции кои бараат зголемување, односно додаток на нивните плати од 30 проценти.

Изјавата на Деаноски е своевиден коментар на вчерашната прес-конференција на портпаролката на Владата, Марија Митева, која соопшти оти Владата изразува сомнеж дека зад штрајкот стои политичка заднина, која, според нивните оцени, дејствува како продолжена рака на партиите кои досега ги злоупотребувале правата на работниците.

Претседателот на УПОЗ прашан дали имале поплаки од некои вработени дека имале притисоци за да не излезат на протест, претседателот на Синдикатот на УПОЗ одговори потврдно, но одби да каже за кои министерства станува збор и додаде дека тоа ќе го соопштат до крајот на неделата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Деаноски потврди дека прашањето за платите на вработените во органите на државната управа биле тема и на Економско-социјалниот совет, но на ниту еден состанок не добиле прецизен одговор дали, кога и како ќе го добијат покачувањето на платите што го бараат.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

Следно

АКТЕРКАТА ТАМАРА РИСТОСКА ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ПРОГРАМАТА ЗА ТАЛЕНТИ НА БЕРЛИНАЛЕ

Latest from Blog

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop