АКТЕРИТЕ СОЊА МИХАЈЛОВА, СНЕЖАНА КОНЕСКА-РУСИ И ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ НАГРАДЕНИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

May 5, 2025
2 mins read

Актерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски се годинашни добитници на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Педесет и деветотто издание на Фестивалот ќе се одржи од 6 до 13 јуни, под мотото „Смеј се и осмели се“, најави денеска уметничката директорка Ана Стојаноска.

Стојаноска рече дека за ова издание на фестивалот, од одгледаните претстави (и во институционалните театри и од независната продукција) се воспоставил впечатокот дека доминираат оние во кои може да се препознаат ставот на режисерот и потребата да се создава автентична театарска продукција.

„На репертоарите во македонските театри повторно може да се забележи разногласие во однос на изборот и стилот на театарската продукција. За пофалба е поставувањето на неколку драми од македонски автори, со што конечно може да се види и дел од идејата за етаблирање на домашната драма. Во ова издание на фестивалот може да се препознаат и повеќе доминантни музички креации, кои и тоа како треба да бидат акцентирани, наградени и валоризирани“, кажа Стојаноска.

Во официјалната селекција се претставите: „12“ во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар (МНТ), „Парови“  на Ивана Ангеловска, Драмски театар Скопје, „Ричард Трети“ на Куштрим Бектеши, Албански театар Скопје, „Слепци“ на Ќендрим Ријани, Турски театар Скопје, „Црно семе“ на Андреј Цветановски, Народен театар Битола, „Бура“ на Џон Блондел, Народен театар „Војдан Чернодрински“ , Прилеп, „Рацин“ на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес, „Сите прекрасни нешта“ на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар Штип и „Пар-распар“ на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија.

Во придружната програма се претстави од независната продукција: „Вампири“ во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“  Скопје, „Снег“ на Зоја Бузалковска, продукција на „Штрих“ Скопје, „Сите најубави нешта“ на Дејан Пројковски, продукција на „ОХО продукција“, „Казабалкан“ на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ Скопје и „Ла Магбет“ на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ Скопје.

За фестивалските награди и годинава ќе одлучува меѓународно жири, во состав Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште, Иван Меденица, театролог и професор од Белград и Лилиа Абаџиева, театарска режисерка од Бугарија.

Стојаноска рече дека по иницијатива на семејството на музичарот Филип Стевановски, кој загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, Собранието на Фестивалот одлучи наградата за музика да ја именува според музичарот. Стевановски беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

На прашањето каде ќе се реализира програмата на фестивалот, со оглед на тоа дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги затвори театарот и Центарот за култура оти се небезбедни за масовни настани, Стојаноска рече дека се следи ситуацијата, оти е најавено дека до 6 јуни Центарот за култура ќе биде опремен за да може да се реализира програмата на фестивалот, а секако ќе се освојуваат и алтернативни простори.

„Сакам да ја известам целата театарска јавност да има разбирање, годинава фестивалот ќе биде од помал формат, а во наредната јубилејна година ќе имаме пораскошен формат. Годинава театрите понудија помалку претстави од лани. Дел од нив работат на репертоарна политика, дел не, а дел и воопшто не работат. Го поздравувам моментот и за поставување на македонски драми. Ние ќе ја имаме програмата ‘Драмолетање’  во која за време на фестивалот ќе имаме работилници во два дена“, рече Стојаноска.

Годинава, наместо досегашната платформа „Автор во фокус“ во која се славеше опусот на еден значаен автор за македонскиот театар, ќе биде ставен фокусот на тројца мошне значајни театарски дејци од Прилеп. Тоа се актерот и долгогодишен директор на фестивалот Кирил Ристоски (1948-2011), актерот Благоја Спиркоски-Џумерко (1946-2015) и драмскиот автор и писател Благоја Ристески-Платнар (1949-2004).

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателски избори во Романија

Следно

Скопје валкано, контејнери полни со отпад – Арсовска: Градот функционира, работи исто како и минатите години

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop