„Ако некој нема право да се жали на судиите, тоа е Реал Мадрид!“

July 3, 2026
1 min read
ФОТО: Real Madrid FC/X

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, го возврати ударот кон Реал Мадрид поради извештаите дека „кралскиот клуб“ подготвил извештај за УЕФА, во кој се наведени наводни судиски грешки во корист на Барселона во врска со случајот „Негреира“.

Сè уште не сум го видел извештајот, но навистина сакам да го прочитам. Љубопитен сум за периодот од кој се вклучени жалбите и дали се опишани грешките против сите клубови, вклучително и самиот Реал Мадрид. Ако постои клуб кој нема право да се жали на судењето, тоа е Реал Мадрид“, рече Тебас.

Во 2023 година, Барселона беше обвинета за исплати на поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии (CTA), Хозе Марија Негреира. Според истрагата, Каталонците префрлиле околу 8,4 милиони евра помеѓу 2001 и 2018 година.
Барселона тврди дека Негреира работел како надворешен консултант и подготвувал технички извештаи за судење. Тој самиот категорично негира дека примил средства за да влијае на одлуките на судиите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Следно

УЖАС ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ОН – Маж се самозапали и почина

Latest from Blog

Муцунски ги најави трите приоритети на Амбасадорскиот совет

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. (Скопје, 20.08.2026) – Првата конференција за македонски брендови

Повлечени млечни производи во Косово, дел стигнувале и во Македонија

Косовските институции во изминатите две недели спроведуваат засилени контроли на млечните производи на тамошниот пазар, откако лабораториски анализи покажале неправилности кај повеќе производи на еден производител, вклучително и присуство на растителни масти,
Go toTop