Ако не ја добиеме ветената муниција од Москва, ќе се повлечеме од Бахмут, предупреди шефот на „Вагнер“

March 6, 2023
1 min read

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во петокот рече дека неговите единици практично го опколиле Бахмут, но во неделата тој се пожали дека поголемиот дел од муницијата што Москва им ја ветила сè уште не била испорачана. Предупреди дека со повлекувањето на неговите трупи од Бахмут ќе се загрозат позициите на руската војска

Шефот и основач на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, предупредил дека неговите трупи ќе се повлечат од источниот украински град Бахмут ако Москва не им ја испорача ветената муниција. Со повлекувањето на „Вангер“ од Бахмут, рекол тој, позициите на руската војска ќе бидат загрозени.

„Ако ‘Вагнер’ сега се повлече од Бахмут, целиот фронт ќе се урне. Ситуацијата нема да биде убава за сите воени формации кои ги штитат руските интереси“,

рекол Евгениј Пригожин во видеото објавено викендов, пренесе Ројтерс.

Шефот на „Вагнер“ во петокот рече дека неговите единици практично го опколиле Бахмут, но во неделата тој се пожали дека поголемиот дел од муницијата што Москва им ја ветила сè уште не била испорачана.

„Засега се обидуваме да ја откриеме причината: дали е тоа обична бирократија или предавство“,

рекол Пригожин.

Тој во видеообраќањето на неговиот канал на Телеграм, како што додава Ројтерс, кажал дека ако неговите трупи се повлечат, тие засегогаш ќе бидат запамтени како луѓе кои го направиле главниот чекор кон губење на војната.

Пригожин редовно ги критикува шефовите на руската одбрана и главните генерали на Русија. Минатиот месец тој го обвини министерот за одбрана Сергеј Шојгу и другите за „предавство“ за задржување на испораките на муниција на неговите луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се спасат ли аеродромци од бездомните кучиња?

Следно

Мал авион се урна во Њујорк, едно лице загина (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос
Go toTop