АКО 50 ГОДИНИ НЕ СУМ БРОЕЛ ВО СЕДУМ ОСМИНИ, КАКО ДА НЕ СУМ БРОЕЛ НИШТО, РЕЧЕ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ НА ФАНТАСТИЧНИОТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ СО КОЈ ПРОСЛАВИ 50 ГОДИНИ КАРИЕРА

May 11, 2025
2 mins read

Цела публика беше на нозе кога Влатко Стефановски ја свиреше „Јовано, Јованке“, една од гитарските преработки на македонска народна песна кои ја одбележаа неговата кариера. Легендарниот гитарист со фантастичен концерт сношти во Филхармонијата прослави 50-годишен јубилеј, а одржа уште еден, ден претходно.

„Ако во последниве 50 години не сум го броел ова, како да не сум броел ништо, а се брои вака“, рече Стефановски пред неговото карактеристично тактирање во седум осмини.

Со одлично распореден репертоар, од најголемите соло хитови на почеток, до гостите во средина, па хитовите на „Леб и сол“ при крајот, Влатко уште еднаш докажа дека наједноставните луѓе се најголемите ѕвезди. И самиот тој има кажано дека не сака комплицирани зборови, епитети и долги говори, па затоа описите како „концерт за кој долго ќе се зборува“ колку и да се точни не одат со некој како Стефановски. Мајсторски и со голем мерак отсвирено, три биса и публика која му се поклонуваше на крајот е доволно.

Момчило Бајагиќ- Бајага и кларинетистот Горан Бојчески беа гости на концертот. (Фото: К. Попов)

Еден од гостите беше Момчило Бајагиќ-Бајага, кој откако заврши неговиот дел го следеше концертот со отворена врата од зад сцената, му аплаудираше на Влатко и му креваше палци за поддршка.

„Првпат го видов Влатко Стефановски кога тој имаше 18 години. Тој 18, јас 15, бев со Гимназијата на концерт на ‘Леб и сол’ на Хајдучка чешма во Белград. Кога си слушнавме, збудалевме. Првата гитара која ја купив беше како неговата, а тогаш мислев дека свирењето има врска со гитарата“, рече Бајага кој публиката го пречека и го испрати стоечки.

Концертот го збогати македонскиот музичар Горан Бојчески на кларинет и саксофон, битолчанец кој живе во Словенија.

„Повеќе љубовта, а малку и музиката го однела во Словенија. Тој е таму голема ѕвезда, а ред е да го претставиме и пред скопската публика“, рече Стефановски.

Своите музичари од триото, Иван Кукиќ на бас и Јан Стефановски на тапани со право ги претстави како чудо од деца. Нивните соло делови исто така беа пречекани со овации. Познатиот музичар Дамир Имери на клавијатури беше важен дел од бендот, а претходно Стефановски кажа дека на концертите во регионот луѓето се чуделе за неговиот талент и музичка сестраност.

Стефановски со триото, неговиот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас, и специјалниот гостин Дамир Имер на клавијатури (Фото: К. Попов)

„Не очекував дека ова ќе го доживеам во Скопје, Почестен сум и трогнат. Дозволете ми на крајот да претставам луѓе кои дошле од далеку. Мојот најголем фан од Норвешка, мојата снаа, сопругата на мојот брат Горан Стефановски, Патриша и неговиот син Игор“, рече Стефановски.

Најсимпатичен дел од концертот беше кога заедно со придружните вокали Слободанка, Тодор и Стојан тој заигра оро, во моментот кога цела публика играше заедно со бендот, на хитот „Скопје“.

На крајот, рече дека во познатото студио „Еби роуд“ во Лондон каде што работеле „Битлс“, пред неколку месеци со триото снимиле 32 песни за два дена, и отсвире песна од легендарниот бенд во таа чест.

Концертот го организираше „Мјузик тајм“ и менаџерот Томислав Кашљевиќ од Загреб.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: Ако долго бидеме надвор од перспективите на ЕУ ја ставаме државата во ризик

Следно

Утрово изменет сообраќај во Скопје поради улична трка

Latest from Blog

Битола повторно на фудбалската мапа како домаќин на квалификациите на женската фудбалска репрезентација

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Женската селекција квалификациите

Битола повторно на фудбалската мапа: женската селекција ќе игра квалификации за СП

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Женската селекција квалификациите

Свечена спортска вечер во Пробиштип: избор на спортист на годината

Општина Пробиштип на 6 февруари 2026 година ќе ја одржи традиционалната спортска манифестација „Избираме спортист на годината“, на која ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти, спортски работници и спортски клубови од

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот
Go toTop