Академијата му забранила пристап на холивудскиот актер цели 20 години

December 4, 2025
1 min read

Холивудскиот актер Ричард
Гир изјави дека не ја сфатил „премногу лично“ одлуката на Академијата да му
забрани присуство на доделувањето на Оскарите во период од 20 години – двојно
подолга казна од онаа што ја доби Вил Смит по шлаканицата што му ја удри на
Крис Рок на сцената. Тој јавно проговори за долгогодишната забрана.

Политичкиот говор
што довел до забраната

Гир
ја добил казната поради критики кон кинеската влада додека во 1993 година
претставувал една од наградите. Како практик
ант на будизмот, Гир имал личен интерес кон тензиите
меѓу Кина и Тибет. Тибет се борел за независност откако Кина го анектирала во
1950-тите, а Далај Лама побегнал во 1959 година и до денес е во егзил.

Актерот
ги искористил своите неколку минути на сцената за да му се обрати на тогашниот
кинески лидер Денг Сјаопинг. Осврнувајќи се на „ужасната состојба со човековите
права“ во Кина и Тибет, Гир ја замолил публиката да „испрати љубов и вистина и
некаков разум на Денг Сјаопинг во Пекинг токму сега“, пред да побара од
кинескиот лидер да „ги повлече своите трупи и да ги однесе Кинезите од Тибет и
да им дозволи на тие луѓе повторно да живеат како слободни и независни“.

„Не го сфатив лично“

Иако
говорот бил пречекан со аплауз, Гир бил ставен на црна листа за цели 20 години
и не смеел да присуствува на доделата сè до 2013 година. Во новото интервју за Variety,
76-годишниот актер ретко
коментираше за
скандалот.

„Не
го сфатив особено лично“, рече тој. „Не мислев дека има лоши момци во таа
ситуација. Јас правам што правам и сигурно не сакам никому да наштетам. Сакам
да ѝ наштетам на омразата. Сакам да ѝ наштетам на исклученоста. Сакам да
му наштетам на кршењето на човековите
права, но се трудам да останам што поблиску до она од каде што доаѓа Неговата
Светост… дека секој може да биде искупен, и на крајот, сите мора да бидат искупени
или никој од нас нема да биде“, додаде Гир.

Ова
не е првпат да говори за забраната. Во разговор за HuffPost UK
во 2013 година, кога казната му истече, се нашали на своја сметка: „Очигледно
сум рехабилитиран. Изгледа, ако останете доволно долго, ќе заборават дека ви
забраниле.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разбиена голема мрежа за измами со криптовалути

Следно

Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто, а кај нас е еден процент

Latest from Blog

Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по

Анте Будимир ја спаси Осасуна од пораз (ВИДЕО)

Во првиот денешен дуел од Примера програмата екипите на Осасуна и Мајорка одиграа супер интересно реми со конечни 2:2. Серијата голови стартуваше во 35. минута кога Ведат Муричи ги доведе гостите во

Меџити: Со 42 милиони евра се гради новиот универзитетски кампус во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека денеска бил поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект кој го оцени како историски момент за образованието. Според него,

Македонски весник “Илинден“ петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

Одбележување на годишнината од првиот број на гласникот на Македонците во Албанија Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и
Go toTop