Ахмети повторно до Мицкоски: Граѓаните нека одлучат за која опција се, по година и пол ваше владеење

November 2, 2024
1 min read

Претседателот на Демократската унија за интеграција преку објава на Фејсбук му одговори на премиерот Христијан Мицковски за денешната изјава околу неговото барање за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. 

 „Демократската унија за интеграција ја доби апсолутната поддршка од граѓаните во сите изборни процеси од 2002 до 2024 година.

Како резултат на изборните победи низ годините, бевме во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти беа дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нашите заеднички коалиции. 

Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното. 

Ние не сме ги смениле ставовите, туку сите други ги смениле позициите во зависност од околностите, дали се со нас во коалицијата или не.  

Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда. 

Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!“ пишува Ахмети.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп сакал евтино да помине со Ворхол, нарачал слики, не му се допаднале боите и не го исплатил уметникот

Следно

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи, Македонија да ја претвори во домаќин на три раскрсници

Latest from Blog

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.
Go toTop