Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи, Македонија да ја претвори во домаќин на три раскрсници

November 2, 2024
1 min read

Изградбата на коридорите 8 и 10Д не се ништо ново во Македонија, тоа се проекти од стратешко значење за државата. Коридорите биле дел од предизборните и владините програми на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата многу долг период. Тоа за што ВМРО-ДПМНЕ беше против, а и денеска е, да не се прават договори на штета на граѓаните и наместо за реализација на капитални проекти, народните пари да завршуваат во приватни џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Завршувањето на народните пари во приватни џебови, место за реализација на капитални инфраструктурни проекти и патишта, беше одлика на седум годишно владеење на СДС.

Таков е и примерот со изградбата на коридорите, каде што во последните две години владеење на СДС за изградба на коридорите се потрошија околу 350 милиони евра пари на граѓаните, а на терен се немаше изградено ниту еден милиметар автопат. Работата тапкаше во место, а завршена беше експропријација на само неколку десетина парцели.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт работните активности на терен веќе почнаа, а завршена е и експропријацијата на половина од парцелите низ кои ќе поминува трасата.

За разлика од СДС, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на тоа Македонија да ја направи домаќин на три раскрсници, а тоа е транспортна, железничка и енергетска раскрсница, стои во партиската реакција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети повторно до Мицкоски: Граѓаните нека одлучат за која опција се, по година и пол ваше владеење

Следно

„Царинскиот систем на Туркије за трговија со Израел е целосно затворен“

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop