Трамп сакал евтино да помине со Ворхол, нарачал слики, не му се допаднале боите и не го исплатил уметникот

November 2, 2024
1 min read

Порталот Artnet News пренесува делови од дневникот на култниот уметник и основач на поп арт движењето Енди Ворхол, кој запишал дека Доналд Трамп никогаш не му платил сликите што поранешниот претседател на САД и милијардер Доналд Трамп ги нарачал од артистот за да ги украси ѕидовите на кулата Трамп во Њујорк.

Во искрено забавните записи во дневникот Ворхол опишува како Трамп го посетил неговото ателје „Фабриката“ и не го одобрил изборот на боја на Ворхол за серијата слики што го прикажуваат новиот облакодер на Трамп, што тој побарал од уметникот да го направи. Наместо тоа, од тимот на Трамп на Ворхол му покажале парчиња розови и портокалови материјали и му рекле дека Трамп сака токму тие бои Ворхол да ги аплицира на сликите.

„Сè уште ги мразам Трамповите бидејќи тие никогаш не ги купија сликите што јас ги направив за кулата Трамп“, напиша тој во својот дневник во 1984 година.

Денес сликите на Ворхол што тој ги насликал за Трамп се проценети на 500.000 до 700.000 долари. „Њујоршките облакодери“ ќе бидат понудени на продажба од Филипс на 19 ноември. Во написот не се споменува колку Трамп ветил дека ќе му плати на Ворхол, но може да се заклучи дека е многу веројатно дека хонорарот бил многу помал од она што тие вредат денес.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извештај на ЕК: Земјата останува значително зависна од јаглен

Следно

Ахмети повторно до Мицкоски: Граѓаните нека одлучат за која опција се, по година и пол ваше владеење

Latest from Blog

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите

Брисел го гледа Коридор 8 како стратешка врска за Европа и снабдувањето со критични минерали

Македонија, Бугарија и Албанија имаат значајна геостратешка положба во развојот на паневропската транспортна инфраструктура, која треба да овозможи побрз и поефикасен транспорт на стоки од Црното до Јадранското Море, а потоа и

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и
Go toTop