Ахмети по повод жртвите од масакрот во Сопот – Мицкоски: Кога гледате национализам, да знаете дека се бира некој тендер

November 6, 2023
1 min read

реклама


Под мотото „Тие се живи“, викендов во меморијалниот комплекс во Сопот, Куманово, се одбележа денот на жртвите од масакрот во Сопот на 4 ноември 1944. На овој настан присуствуваше претседателот на ДУИ, Али Ахмети заедно со неколку сопартијци. Тој во својот говор рече дека крвта не станува вода и дека не го забораваат минатото ниту дека го забораваат аманетот на предците.

„Со подигањето на овој споменик се потсетуваме на паднатите борци, сите тие кои мислеа дека со фрлањето земја се ќе се заборави. Но крвта не е вода и се може да се избрише и измие, но крвта не се мие и не се заборава. Горе се мачениците, подолу се гради музеј и секој камен што го гледаме овде говори за една историја. Затоа, овие камења говорат од овој рид дека ние не го забораваме минатото, не го забораваме аманетот од предците, затоа работиме и се бориме за нивниот спомен“, вели Али Ахмети.

реклама

Овој настан го коментираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека секојпат кога ДУИ е фатена во кражба, веднаш се вртат кон националистички теми.

Во последно време ВМРО-ДПМНЕ упати последователни обвинувања до ДУИ, додека од партијата на Ахмети неколку пати предупредија дека е формирана група од македонски олигарси кои работат на уривање на ДУИ. Во интервју за Радио Слободна Европа вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на наредните избори не е можна коалиција со ДУИ.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Дали повторно ќе трча за шеф на државата – интервју со Гордана Силјановска-Давкова

Следно

Постои ризик Тетово да остане без вода за пиење – изворите на Лешница 10 пати позагадени од дозволеното ниво

Latest from Blog

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија
Go toTop