Агим Красниќи и Сехат Рамадани екстрадирани од Косово во Македонија

July 19, 2024
1 min read

Агим Красниќи кој беше дел од „кондовската група“ и Сехат Рамадани вчера биле екстрадирани од косово. По претходно дозволена екстрадиција тие се сместени во затворот во Штип за доиздржување на затворската казна на која беа осудени, потврдија за ТВ 24 од штипскиот затвор.

Красниќи чие село кондово на почетокот на двеилјадитите години беше држава во држава, по четири години бегство беше уапсен на Косово на крајот на април. Красниќи заедно со Рамадани во 2020 година не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд.

Две и пол години користеле викенди и одмори, но во февруари пред четири години не се појавиле на затворските капии. Треба да одлежат уште околу три од вкупно 15 години затвор на кои беа осудени во 2008 година. Тие беа осудени за повеќе кривични дела поврзани со насилство, киднапирање, изнуди и нелегално оружје.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЌЕ СЛАВАТ 90-ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ И 95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Следно

НЕНАМЕРЕН ПРОПУСТ Е ШТО ВО СВП НЕ ЈА ВКЛУЧИВМЕ 95-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ВЕНЦЕНОСЕЦОТ МАТЕЈА МАТЕВСКИ, ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ И ТОЈ ЈУБИЛЕЈ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ТАСЕВСКИ

Latest from Blog

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop