Агенција за филм: ДКСК констурира невистини

November 20, 2023
2 mins read

Во целост ги отфрлам сите невистинити и паушални обвинувања од страна на ДКСК како тенденциозни и неосновани. Станува збор за наоди кои се невистинити, наоди извадени од контекст или наоди кои се однесуваат на време во кое јас воопшто не сум бил директор на Агенцијата за филм, вели Бојан Лазаревски во писменото соопштение по повод изјавите на ДКСК, дека имало незаконитости во работењето на Агенцијата.

Во продолжение на соопштението се вели:

Конкретно: Последното вработување во Агенцијата за филм на РСМ е во 2017 година, кога директор на Агенцијата било друго лице. За 2021 и 2022 се поднесени барања за вработување во Агенцијата и за истите Агенцијата добила негативен одговор.

Дополнително, исплата и склучување договор за изработка на стратегија за филм е потпишано и исплатено во 2018 година од страна на претходниот директор.

Јас како сегашен директор никогаш не сум бил директор на друга Јавна установа за да може да се тврди дека сум вработувал свои блиски роднини во таквите јавни установи.

Како човек и функционер, не можам да разберам дека претседателката на органот кој треба да се занимава со спречување на корупцијата, изнесува тврдења базирани на конструкции и невистини. Соработката и финансирањето на здруженијата од областа на филмската дејност се во согласно одредбите од Законот за филмска дејност, и забелешките и препораките по однос на ова прашање во Извештајот на ДЗР не ја доведуваа во прашање ваквата законитост и постапување на Агенцијата за филм.

Несериозно и тенденциозно е коментирањето на извештај на ДЗР и вадење од контекст на препораки дадени во истиот извештај во услови кога Агенцијата за филм во целост постапила по препораките дадени од ДЗР, и тоа во Законски предвидениот рок од 90 дена, и за кое нешто е известена и ДЗР и Владата на РСМ.

Веќе подолго време органите на управување и овластениот застапник, и институцијата стојат понастрана од јавноста, оставајќи им на институциите на системот да ја вршат непречено својата работа. Но, по ваквите обвинувања, мора да се постават прашања: Зошто ДКСК не започнува да процесуира ниту една претставка поврзана со Банана Филм, Сенка Филм и Милчо Манчевски иако претседателот на ДКСК јавно вети дека ќе се занимава со корупција во висина од 950.000 евра? Дали на тоа се должи оваа хајка против мене?

Во интерес на јавноста сакам да информираме дека наспроти замајувањето на јавноста од страна на Манчевски, Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Агенцијата за филм, како основана. Со ова е јасно дека во случаите на продукцијата на Манчевски постојат незаконитости и тоа не може да се сокрие и е потребно е потврдување на овие незаконитости од страна на институции и овластениот гонител во РСМ.

Несериозно и неетичко е ваквото дискредитирање на Агенцијата за филм и нејзината работа од страна на ДКСК во момент кога филмската дејност со помош на работата на Агенцијата за филм на домашно и меѓународно ниво има најголеми достигнувања до сега.

Веруваме во институциите и во почитување на законите кои важат во нашата земја. Истите закони треба да важат за сите, без разлика дали некој бил филмска ѕвезда или не.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Жител на Поградец шверцувал нафта од Северна Македонија

Следно

(ВИДЕО) Пратеникот Крмов од Левица искрши монитор, микрофони и фрлаше хартии кон потпретседателот Мисовски

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop