(ВИДЕО) Пратеникот Крмов од Левица искрши монитор, микрофони и фрлаше хартии кон потпретседателот Мисовски

1 min read

Крмов побара збор кога се дискутираше за измена на Деловникот и побара од потпретседателот на Собранието да ја прекине седницата. Набргу му се придружи и лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, по што Мисовски даде половина час пауза

Револтиран од тоа што Собранието ги отфрли амандманите на Левица поднесени во однос на измените на Деловникот, пратеникот Борислав Крмов, барајќи да се прекине седницата, го искрши мониторот од компјутерот на пултот на кој седеше потпретседателот Горан Мисовски, кој ја водеше седницата.
Истовремено тој ги откорна микрофоните и ги расфрли сите хартии околу говорницата во Собранието.

Крмов побара збор кога се дискутираше за измена на Деловникот и побара од потпретседателот на Собранието да ја прекине седницата.

„По член 152, нашите амандмани не се ни доставени, по која основа се отфрлени, немаат ни архивски број. Исти се како оние 1 800 што беа прифатени. Ова се оригинали. Мора да има некој ред во ова собрание. Мора да ја прекинете седницата, мора да има ред во ова собрание. Прекинете ја седницата“,

рече Крмов.

Фото: Принтскрин

Потпретседателот Мисовски постојано му посочуваше дека му тече времето на говорницата.

Но, пратеникот Крмов повторуваше: „Прекинете ја седницата“.

„Мора да ја прекинете седницата, готово. Ова на ништо не личи. Има ли тука пратеници или вие што сакате ќе правите“,

зборуваше тој додека фрлаше хартии и туркаше разни предмети на масата пред потпретседателот Мисовски.

Во еден момент заменик-генералната секретарка Цветанка Иванова , која беше на смена покрај Мисовски, внимателно ја трга чашата со вода за Крмов да не ја искрши.

Набргу му се придружи и лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, по што Мисовски даде половина час пауза.

Инцидентот следува откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече Деловникот од денешната расправа.

Инаку, на Фејсбук-профилот на Левица пишува: „Левица со сите сили спречува шверцерат во Собранието“.

„На собраниската седница, двајцата пратеници на Левица со фрлање амандмани ја прекинаа седницата со пола час пауза! Широката коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ насилнички и неделовнички ги одби амандманите на Левица. Единствената опозиција во Собранието ДЕНЕС физички ќе ја брани македонската демократија од трите квинслишки партии!“,

велат од Левица.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Агенција за филм: ДКСК констурира невистини

Следно

Евтина драма на Левица во Собрание, споредни договорени улоги имаа Џафери и Мисовски

Latest from Blog