Агелер: Граѓаните да им кажат на политичарите дека сакаат во ЕУ

August 22, 2023
1 min read

реклама



Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ангела Агелер, прашана за нејзиниот став во однос на процесот за уставни измени, рече дека не е нејзино да зборува за тоа, но додаде дека граѓаните треба да ги информираат политичарите дека сакаат да биде дел од ЕУ.

„Навистина мислам дека не е мое да зборувам како се одвива процесот на уставни измени. Јас сум амбасадор на САД. Ние не сме дел од Европската Унија, но кога ја гледам границата и големиот број возила што влегуваат и излегуваат, верувам дека просперитетот и безбедноста на оваа земја лежи во нејзиното прифаќање и интеграција во Европа и многу се надевам дека политичарите од сите политички партии во државата ќе работат за негова реализација. Границата со Грција не потсетува на тешките одлуки што оваа земја веќе ги има донесено, а знам дека и ова е тешко, но ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека сакаат да бидат дел од ЕУ“.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Победникот на Берлиенале „On the Adamant” на режисерот Николас Филбер вечерва на „МакеДокс“

Следно

Полициските хеликоптери исфрлија над 80 тони вода, продолжува гасењето на пожарот на Јакупица, во близина на велешкото село Богомила

Latest from Blog

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот
Go toTop