Адвокатот на Синер едвај го убедил да прифати тримесечна суспензија

February 24, 2025
1 min read

Светскиот тениски рекет број 1, Јаник Синер, неодамна се согласи на казна од Светската антидопинг агенција (ВАДА), која вклучува тримесечна суспензија.

Случајот на Синер предизвика многу контроверзи, бидејќи ова е првпат да се одреди ваква суспензија и останаа отворени прашања.

Ако Италијанецот користел недозволени средства (со или без знаење и намера), тогаш суспензијата требаше да биде на многу подолг рок, а ако е чист, воопшто не требаше да му забранат да игра.

Неговиот адвокат Џејми Сингер откри дека Синер одвај се согласил за спогодбата.

„Воопшто не беше лесно да го убедам да се согласи. Кога му кажав на Јаник дека има шанса за тримесечна спогодба, тој ми одговори: Зошто да се согласам, кога првата пресуда беше дека нема да бидам казнет“, вели Сингер.

Синер нема да пропушти ниту еден грен слем турнир за време на суспензијата, бидејќи казната ќе му истече на 4-ти мај, а најверојатно нема да го загуби ни првото место на АТП листата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија со евролигашките кошаркари против Полска

Следно

Мицкоски ја честита изборната победа на ЦДУ во Германија

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop