Администрацијата на Трамп сака да затвори речиси 30 амбасади и конзулати на САД

April 16, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати низ светот, во рамки на напорите за намалување на дипломатското присуство на САД во странство, јавува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на внатрешен документ од Стејт департментот, јавува Анадолу.

Документот, кој ги содржи препораките од потсекретарот за менаџмент, предвидува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати, од кои најголемиот дел се наоѓаат во Европа и Африка.

Меѓу дипломатските мисии за кои се предлага затворање се амбасадите во Малта, Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и Јужен Судан, како и конзулатите во Франција, Германија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Сѐ уште не е јасно дали државниот секретар Марко Рубио го одобрил овој предлог. Според наводите, затворањето на дипломатските претставништва би било надоместено со префрлање на нивните обврски на соседни амбасади.

Во документот исто така се препорачува и намалување на американското дипломатско присуство во Ирак и Сомалија, како и „приспособување на големината“ на други мисии. Една од сугестиите е создавање на таканаречени „FLEX-стил мисии“ со ограничен број персонал и одговорности, како и централизирање на конзуларната поддршка во поголеми амбасади во земји како Јапонија и Канада.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, одби да ја потврди автентичноста на документот или да сподели конкретни детали за потенцијалните затворања.

„Ви препорачувам да се обратите до Белата куќа и претседателот на САД, кои сѐ уште работат на својот буџетски план“, изјави Брус на прес-конференција.

Таа додаде дека „често пати бројките што ги гледаме во медиумите се рани или неточни, врз основа на протечени документи од непознати извори“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Супер добитен март со ВЛТ: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати 64.182.837 денари

Следно

Енрике: Второто полувреме беше тешко за нас, но заслужено сме полуфиналисти

Latest from Blog

“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе

ЈКП Комуналец Прилеп: Обновено осветлувањето на стадионот со вештачка трева во Типската населба

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба.

(ВИДЕО) ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови рефлекторите на стадионот со вештачка трева, овозможени и вечерни тренинзи

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информираше дека успешно е завршена замената на сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во населбата Типска, со што спортскиот објект повторно е целосно осветлен и

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал
Go toTop