Адетокунбо и Лилард неизвесни за натпреварот број 5 од плејофот против Индијана

1 min read

Голема е веројатноста Милвоки бакс да го одиграат петтиот натпревар од серијата со Индијана пејсерс без своите двајца лидери. Ѕвездите на тимот Јанис Адетокунбо и Демијан Лилард се очекува да го пропуштат натпреварот поради повреда.

Милвоки губи од Индијана во плејоф серијата од првото коло со 3:1 и е пред елиминација.

Петтиот натпревар ќе се игра во 3:30 часот по полноќ по македонско време.

Лилард има истегнување на Ахиловата тетива, повреда добиена во последната четвртина од натпреварот број 3 во петокот.

Адетокунбо не одигра ниту еден натпревар во серијата поради повреда на потколеницата.

НБА инсајдерот Шамс Шаранија објави дека двајцата играчи имаат непријатни повреди на мускулите кои претставуваат ризик од посериозно оштетување во случај на принудно враќање на теренот.

Извор: kurir.mk

Претходно

61 милијарда долари не се доволно

Следно

ЕК покрена постапка против „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за сомнеж за неспречување на ширењето дезинформации и манипулации

Latest from Blog