Адеми: Владата на ВМРО ДПМНЕ со конструкции се обидува гневот да го насочи кон барање одговорност каде што ја нема!

March 17, 2025
4 mins read

Денеска на прес конференција Арбр Адеми од ДУИ истакна дека Владата со конструкции се обидува гневот да го насочи кон барање одговорност каде што ја нема.

„Катастрофалната трагедија во Кочани, во која загинаа голем број наши сограѓани, покрена многу прашања за безбедноста, контролата и функционирањето на институциите, особено за оние кои согласно закон знаеле и биле должни да знаат што се случува.

Кочани е општина со 31.602 жители, 12 илјади домаќинства и само 2 места кои работат дејност ноќен клуб односно кабаре. Во ова населено место сограѓаните меѓусебно се познаваат, но и многу добро локалното население ги познава приликите во самата општина.

Градоначалникот Љупчо Папазов кој 3 години ја владее со општина Кочани знаел и бил должен да знае дека фирмата ММММ Кафе Дооел Кочани нема лиценца и не исполнува услови да ја врши таа дејност во неговото населено место.

На објектот каде се вршела дејност во март 2024 година Министерството за економија  не дозволила да се издаде лиценца.

За прашањата дали во 2012 година биле направени сите потребни проверки и дали било утврдено дека просторот ги исполнува стандардите за противпожарна заштита, безбедносни излези и капацитет за евакуација, одговорот е едноставен. Во 2012 година односно пред 13 години објектот и да ги исполнувал минимално техничките услови да врши некаква дејност, тој во 2024 година не ги исполнувал условите да врши дејност кабаре односно ноќен клуб!

Затоа клучно е кои институции, кои функционери и со чија одлука е дозволено во 2024 и 2025 година без лиценца дека смее да обавува дејност ноќен клуб односно кабаре и овој објект да функционира.

Сметаме дека на јавноста и е јасно кој апсолутно владее во изминатата година во Македонија, во чие време се случи оваа трагедоја, кој дозволил да се случи и чија е одговорноста за случувањето на оваа трагедија, А ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

Согласно Правилникот за исполнување на минимално – техничките услови, правното лице Пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект ја доставува до надлежниот орган на општината Кочани кој е надлежен и должен да врши контрола.

Пријава за исполнување на минимално-техничките услови правното лице ја доставува и до Државниот пазарен инспекторат во Кочани, кој е надлежен и должен да врши контрола.

Согласно правилникот за исолнување на минимално техничките услови за вршење на угостителска дејност во член 9 е утврдено дека објектите е неопходно да ги исполнуваат условите односно со барањето за донесување решение за издавање лиценца за кабаре да достават решение од Централен регистар, уплатен надоместок до општината Кочани, пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на дејсност доставена до ДПИ и до општината Кочани, како и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот.

Министерството за економија , токму поради фактот дека не биле исполнети условите за издавање лиценца и не била доставена потребната документација НЕ ИЗДАЛ ЛИЦЕНЦА!!!

Тврдењата дека од министерството за економија некој издал лажна лиценца се целосна конструкција, ако некој поточно државниот секретар земал пари да издаде лиценца, истата ќе ја издал и ќе била евидентирана во Министерството, но и во регистарот на лиценци кој постојано месечно се апдејтира со најнови податоци, А ТАКВА ЛИЦЕНЦА НЕ Е ЕВИДЕНТИРАНА БИДЕЈЌИ НЕ Е ИЗДАДЕНА.

Ако некој фалсификувал документ надвор од институцијата, одговорноста е на поединецот или групата кои го сториле истото и ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

Во обид да ги спасат своите кадри од одговорност која мора да ја има, а првенствено Градначалникот на општина Кочани и надлежните во Министерството за внатрешни работи Кочани, кои секојдневно биле во објектот каде се случи трагичниот настан, Владата на ВМРО ДПМНЕ со конструкции се обидува гневот да го насочи кон барање одговорност каде што ја нема!

Вистината за одговорноста е следна

1.     Несреќата се случи во време кога на власт е ВМРО ДПМНЕ со целосна контрола над сите институции и во централна и во локална односно општинска власт во Кочани, има Градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО и началник на МВР Кочани на предлог на Градоначалникот

2.     Министерството за Економија во 2024 година токму опради неисполнување на услови ниту дал одобрение, ниту административните служби во Министерството за економија издале лиценца за ова кабаре односно ноќен клуб за работа. Овој факт се обидува некој да го дефокусира со наводен фалсификат кој не се знае дали постои, кој го направил, а можно е да е креиран токму за цел да се избегне одговорност за оние кои се власт 3 години, а дозволиле цела година без лиценца илјадници настани да се одвиваат во објектот каде се случи кобниот настан.

3.     ВМРО ДПМНЕ не се на власт 1 месец туку се на власт скоро 1 година. Во таа година целосно го реформираа Министерството за економија и го трансформираа во Министерство за економија и труд. Во тоа време морале да водат сметка за што се случува со објектите и да контролираат преку своите институции дека таму нема услови и токму затоа нема лиценца издадено.

4.     Градоначалникот на Кочани Папазов не само што била должен да знае туку и бил должен да врши секојдневно контрола над рабоењето на објектите под своја надлежност. Во Кочани како општина со 31.602 жители, и само 2 места кои работат дејност ноќен клуб односно кабаре, Папазов и надлежните од општината знаеле и биле должни да знаат дека фирмата ММММ Кафе Дооел Кочани нема лиценца и не исполнува услови.

Ова е трагедија од невидени размери, каде животот го загубија голем број млади луѓе. Одговорност мора да има, а во случајов ноторен факт е дека во март 2024 година Министерот за економија Крешник Бектеши не дозволил да се издаде лиценца за тој објект, бидејки објектот не исполнувал услови, лиценца нема во регистарот на Министерството ниту администрацијата изготвила таква лиценца во 2024 година, а зошто објектот до март 2025 година работел без лиценца одговорот треба да се побара на местото каде мора да се бара и добие одговорност за оваа трагедија!!!!

Во текот на следните денови ж ќе излеземе со целосна документација и докази за тоа кој, како и на кој начин дозволил да се случи оваа грозоморна трагедија и ќе поднесеме пријава до Јавното обвинителство за покренување постапка за кривична одговорност за надлежните лица и институции, бидејќи одговорност мора да има и оваа трагедија не смее да се дозволи да се повтори повеќе никогаш“, велат од ДУИ.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Штип тагува по загинатите во несреќата во Кочани

Следно

ГАЛЕРИЈА: Мицкоски ги посети повредените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Latest from Blog

Поранешниот министер Крешник Бектеши однесен на распит во Кочани

Од полициската станица Карпош попладнево за Кочани е однесен поранешниот министер Крешник Бектеши на распит кај судија на претходна постапка. Тој од вчера беше на распит во полициската станица Карпош. Крешник Бектеши

Владата на Федерацијата БиХ прогласи 18 март да биде Ден на жалост поради трагедијата во Северна Македонија

Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март 2025 година, да се прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија.

Мицкоски по средбата со Стојаноски и Дурмиши: Започнува теренска контрола на сите субјекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Со нив разговараше за

ВИДЕО: Бектеши со лисици на раце ставен во полициско комбе, ќе дава исказ во Кочани

Екс-минситерот за економија, Крешник Бектеши, излезе од полициската станица Карпош, со лисици, придружуван со неколку полициски службеници. Го качија во полициско комбе кое ќе го транспортира до Кочани, каде ќе треба да
Go toTop