Пренасочени и откажани летови на скопскиот аеродром поради магла

January 26, 2025
1 min read

Густата магла што ја зафати Скопската котлина во последните 24 часа предизвика значителни проблеми во авионскиот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје. Поради ниската видливост, неколку летови беа пренасочени кон други аеродроми, а дел беа целосно откажани.

Пренасочени летови:

Летот од Анталија е пренасочен кон аеродромот во Приштина.

Летот од Меминген е пренасочен кон Приштина.

Летот од Баден Баден беше пренасочен кон Софија.

Летот од Париз исто така слета во Софија.

Летот од Рим заврши на аеродромот во Приштина.

Летот од Малме беше пренасочен кон Приштина.

Откажани летови:

Двата летови од Истанбул се откажани, како и летовите од Загреб и Венеција.

 

Покрај овие летови, дел од авионите беа принудени да се вратат на аеродромите од кои полетале, меѓу кои и летот од Варшава, кој се врати назад во Полска.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бекам: Меси сака да се врати во Европа

Следно

Сиљановска Давкова ќе присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Latest from Blog

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за

Тоневски: Се реконструира дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски. Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната
Go toTop