Турското МНР го осуди нападот на терористичката ПКК врз ирачките војници

January 25, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије, заедно со Ирак, ќе продолжи да се бори против тероризмот, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи по убиството на двајцата ирачки граничари од страна на терористите на ПКК, јавува Анадолу.

„Јасно е дека терористичката организација ПКК претставува заедничка закана за националната безбедност и на Туркије и на Ирак, и го нарушува суверенитетот на земјата“, напиша портпаролот Онџу Кечели на платформата X.

Кечели истакна дека вчерашниот напад врз граничарите повторно го „откри вистинското лице“ на терористичката организација ПКК.

На крајот од соопштението се изразува длабока тага за загинатите и сочувство до народот на Ирак.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека двајца терористи на ПКК, кои убија двајца ирачки граничари, се неутрализирани во судирите во подрачјето на Батуфа во дистриктот Захо.

Командата на Ирачката гранична стража, поврзана со Министерството за внатрешни работи, соопшти дека граничните сили се судриле со терористите, што резултирало со смрт на напаѓачите. Во инцидентот бил повреден и уште еден стражар.

Терористичката организација ПКК не само што ги таргетира безбедносните сили и цивилите во Ирак со терористички напади што ја поткопуваат безбедноста и стабилноста на земјата, туку и ги спречува активностите за развој и надлежните да стигнат до стотици села под нејзина окупација.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е означена како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Оваа генерација покажа дека со храброст, посветеност, сплотеност и тимски дух можеме да се носиме со најдобрите

Следно

Македонија останува под магла

Latest from Blog

ЖИВЕЕ НА КРУЗЕРИ ВЕЌЕ 13 ГОДИНИ, НО ЕДНА РАБОТА НЕ И Е ДОЗВОЛЕНА

Креаторката на содржини открила дека веќе 13 години живее луксузен живот без кирија, патувајќи низ светот на крузери. Кристин Стритс-Кестел, 44-годишна жена од САД, решила да го напушти класичниот „копнен“ начин на

Арсенал не треба да се плаши од Халанд, туку од друг играч на Сити

Фото: x.com/ManCity Борбата за титулата во англиската Премиер лига станува сè поожестока. Иако Арсенал во саботата со драматична победа против Вулверхемптон (2:1) ја задржа лидерската позиција, главните конкуренти не попуштаат. Манчестер Сити

Николоски: Започнуваме силен инвестициски циклус во општина Карпош

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Проданоски: Новогодишната приказна му дава нов сјај на Прилеп

Прилеп е целосно подготвен да го пречека најубавиот период од годината, украсен со љубов и внимание, најави Дејан Проданоски. Градот веќе влегува во празнична атмосфера што ги обединува граѓаните и потсетува на
Go toTop