Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност

January 25, 2025
1 min read

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ за негова оставка, посочувајќи дека партијата нема кредибилитет да повикува на одговорност.

-СДСМ, чиј лидер Венко Филипче не понесе одговорност за живо изгорени пациенти, сега бара одговорност, јас сметам дека нема никаков кредибилитет за тоа. Само би потсетил дека во нивниот мандат се случи најголемата злоупотреба посебно на скапите лекови на Онкологија, една девастирачка ситуација која се уште има последици. И не, нема да поднесам оставка, бидејќи ниту со чинење или нечинење не сум придонел ништо во оваа ситуација. Напротив, и јас, односно Фондот и Клиниката, директорот, раководството и целиот персонал, напорно работиме да се надмине наследената ситуација. Да потсетам дека после седум години девастација, ова раководство е актуелно само шест месеци, рече Клековски.

Во однос на новонастанатата ситуација на Клиниката за онкологија, за недостигот на биолошка терапија, појасни дека од 5 илјади пациенти само една мала група се со недостиг на одредена терапија и оти работат на отстранување на тој недостаток.

-Директорот ја наследи Клиниката за онкологија со 12 милиони евра долг и со сите оние проблеми кои допрва ќе излегуваат во јавноста. Во овие шест месеци Фондот обезбеди дополнителни пет милиони евра за санација на финансиската состојба. Уште еден доказ дека не бегам одговорност е тоа што и јас и директорот сме достапни пред медиумите и јавноста и не се криеме туку сме тука да одоговориме на вашите прашања, рече Клековски.

Истакна дека тоа што сакаат да го надминат, е со детално планирање на Клиниката, да видиме кој лек има можност да се набави со анекс на постоечките договори, кој лек да се набави со донација додека се организира набавка, а за некои лекови, како што вели, ќе направат непосредни спогодби со производителите, а не со веледрогериите.

Вели дека ЈО треба да се произнесе за работењето на Онкологија во изминатите седум години, бидејќи, како што вели, без расчистување на минатото, тешко може да се помести состојбата нанапред.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Возачот на автобусот кој изгоре во Сопиште поради вдишување на чад е хоспитализиран

Следно

Сабаленка: Дефинитивно има мало разочарување бидејќи бев блиску до постигнување на нешто неверојатно

Latest from Blog

Шефот на ОН: Потрагата по храна не смее да биде смртна пресуда за Палестинците во Газа

ХАМИЛТОН (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, денес предупреди на растечката хуманитарна катастрофа во Појасот Газа, нагласувајќи дека „потрагата по храна“ не треба да биде „смртна пресуда“, јавува

Нестабилно време во Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – се огласи и УХМР

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град има во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион. Претходно УХМР објави за невреме

„Диџеј Ахмет“ ги освои трите први награди на престижниот фестивал на уметнички филм во Кошице

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, во режија на Георги М. Унковски, оствари голем успех на престижниот Меѓународен фестивал на уметнички филм во Кошице (IFF Art Film Fest Kosice 2025), освојувајќи три награди „Син

Седум нови лека на онкологија, двојно е зголемен условниот буџет за биолошка терапија

Седум нови лека за третман на меланом, на дојка, на бели дробови, на мочен меур и на простата се обезбедени со последниот буџет на клиниката за онкологија. Директорот д-р Игор Стојковски во
Go toTop