Комитетот на Државната дума препорачува да се суспендира учеството на Русија во договорот „Нов СТАРТ“

February 22, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Долниот дом на рускиот Парламент, Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, рано утринава препорача Долниот дом да усвои нацрт-закон за суспендирање на учеството на Москва во нуклеарниот договор „Нов СТАРТ“, јавува Анадолу.

„Комитетот за меѓународни прашања едногласно препорача усвојување на нацрт-законот за суспензија на учеството во „Нов СТАРТ“. Предложено е прашањето да се поднесе на разгледување на денешната пленарна седница“, изјави шефот на Комитетот, Леонид Слуцки за Руската државна новинска агенција ТАСС.

Препораката на Комитетот следува по вчерашната одлука на рускиот претседател Владимир Путин да го суспендира учеството на неговата земја во договорот, кој беше единствениот преостанат договор за контрола на оружјето што Москва го имаше со Вашингтон.

Путин, во обраќањето до рускиот Парламент, познат и како Федерално собрание, рече дека договорот „Нов СТАРТ“ е потпишан во фундаментално различна политичка реалност и повеќе не ја одразува ситуацијата.

Путин истакна и дека е свесен за плановите на САД да тестираат ново нуклеарно оружје и му наложи на руското Министерство за одбрана да се подготви за тестирање на руски нуклеарни оружја како одговор.

Потпишан во 2010 година и продолжен во 2021 година за уште пет години, договорот „Нов СТАРТ“ има за цел да ги контролира и намали стратешките нуклеарни сили што ги користат САД и Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Приказна за хуманост: Турски војник ги собул чизмите и ги подарил на лице кое го преживеало земјотресот

Следно

Стефковски го претстави предлогот: Граѓаните сакаат зонско паркирање во Автокоманда

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop