НУШИЌ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИГРА КАКО ЛЕСНА КОМЕДИЈА ЗА ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА Е ВРВНА ПРЕТСТАВА, ВЕЛИ ТАЊА КОЧОВСКА ПРЕД ВЕЧЕРАШНАТА ПРЕМИЕРА НА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ВО МНТ

January 25, 2025
2 mins read

Тој генијалец Бранислав Нушиќ на 19 години, пред 142 години ја напишал „Народен пратеник“, согледал сѐ, уште на млади години. Сѐ она што тогаш се случувало, се случува до ден денешен, вели актерката Тања Кочовска пред вечерашната премиера во Македонскиот народен театар (МНТ) на малата сцена. Адаптацијата и режијата се на прочуениот српски режисер Егон Савин.
Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Во претставата покрај Кочовска играат и Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски,  Јордан Симонов, Александар Михајловски (со снимен глас) и група статисти.
Нушиќ е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ, а овој „Народен пратеник“ е трета поставка на познатата драма на Нушиќ.
Говорејќи за соработката со Савин и за неговата работа на оваа комедија, Кочовска вели дека има актери кои  Нушиќ го разбираат како една обична комедија која треба да се дофилува за да бидат интересни за публика.

Симонов и Кочовска ги играат Спиро и Спиројца, и како што вели таа, единствено они двајца играат покарикатурално и тука се дозволуваат малку поинакви работи, појако е, поинтензивно. (Фото: К. Галевски)
„Начинот на режија на Савин е  како и текстот, тоа е генијален текст кој треба да се игра на еден нормален начин, со емоција, со преживување за да се добие вистинското, сите работи треба да се играат нормално за да се добие и да се види таа комична нитка, таа комика кај Народниот пратеник. Не треба да се игра како обична лесна комедија за да се докаже дека е тоа врвна комедија. Ќе видите дека во ‘Народен пратеник’ нема ни една пцовка, апсолутно нема потреба од тоа. Но, начинот како тоа го пишува, практично ‘ги пцуе сите’ (ха ха)“. Нушиќ инсистира на тоа да нема додавки во текстот, да се игра најприродно, најоргански за да може да се доживее тоа“, вели актерката за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Симонов и Кочовска ги играат Спиро и Спиројца, и како што вели таа, единствено они двајца играат покарикатурално и тука се дозволуваат малку поинакви работи, појако е, поинтензивно.
„Само тука е дозволено. Тоа се ликови од народот, кои сакаат и тежнеат да бидат на страна на тие кои се на власт за да можат и тие да добијат нешто од нив. Многу лесно се прилагодуваат. И сама Спиројца вика: ‘Ние кога има гласаме  си гласаме на крај, приквечер, за тој што има најмногу гласови. Чиста работа’. Значи секогаш сакаат да бидат на страна за да добијат некакви бенефиции од таа власт. Они може да се ‘шалтаат’ како сакаат во секоја минута во секоја секунда. Важно им е да бидат на страната на власта“,  ни рече глумицата.
Кочовска вели дека целиот процес на работа со Савин било искуство кое нема да го заборави, дека е режисер кој точно знае каде да го насочи актерот, а од тоа, вели таа, нема поубаво.
„Ова ми е еден од ‘полесните’ процеси, иако нема ниту еден лесен процес, оти треба да се влезе во туѓо тело, во туѓ карактер. Сѐ течеше лесно. Треба да се загрее столица и да се знае што сака режисерот во претставата, а не сама да креирам лик, да креирам мизансцен. Кога режисер ќе те насочи, и на актерот само му останува да го исфилува и доживее и тука не може да нема успех“, рече Кочовска.
„Препорачувам да се гледа претставата и сѐ ќе биде јасно“, додава таа.

Михајлосвки, Микиќ, Симонов и Кочовска во „Народен пратеник“. (Фото: К. Галевски)

Сценограф на претставата е Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, преводот на текстот го направи Загорка Поп-Антоска Андовска, а дијалектната адаптација на текстот е на Томислав Османли. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот.
Првата реприза е закажана за 30 јануари, а билетите се веќе распродадени.
Првата поставка на „Народен пратеник“ премиерно е изведена на 8 мај 1945 во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш, на 24 април 1993 во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави – се игра до 2008 со вкупно 188 изведби.
Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

Следно

Министерката Божиновска влезе во рудникот Саса: „Приоритетот се одржливи рударски практики и безбедност на рударите“

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop