Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

January 25, 2025
1 min read

Откупувачите на оризовата арпа не се држат до договореното и ја злоупотребуваат владината мерка со којашто оризопроизводителите треба да добијат дополнителни шест денари за килограм предадена арпа, реагираат оризопроизводителите. Тие велат дека на минатонеделните разговори во Скопје побарале арпата да се откупува за 27 денари по килограм, колку што изнесува и производната цена, но, по разговорите откупувачите ја симнале цената за шест денари, колку што изнесува и новата субвенција.

Тие велат дека на минатонеделните разговори во Скопје побараа арпата да се откупува за 27 денари по килограм, колку што изнесува и производната цена. Но, по разговорите откупувачите ја симнале цената за шест денари, колку што изнесува и новата субвенција.

  • Кога бевме во Министерството за земјоделство, начелно направивме договор – откупната цена да не е под производната односно 27 денари. Меѓутоа трговците, како и секоја година, тие шест денари што ги даде Министерството за земјоделство, за толку ја симнаа цената, вели Тони Максимов, координатор за оризопроизводство при Националната мрежа на земјоделци.

Оризопроизводителот Здравко Арсовски вели дека со ваквата откупна цена губат сите и апелира до сите откупувачи да бидат солидарни.

  • Со оваа динамика, очекувам 50 проценти од годинашната реколта да остане и благодарам на државата, вакви субвенции досега не сме имале шест денари по 600 килограми, тоа се 3.600 и редовните, со нив излегува околу денари по килограм, вели Арсовски.

Според нивните пресметки во 2024 година се произведени околу 24.000 тони оризова арпа и според калкулациите се претпоставува дека се откупени само 40 проценти. Поситните семиња се откупуваат по цена од 21 и 22 денари, додека за покрупните цената е малку повисока.

  • Откупот е многу мал, дури може да се каже дека и нема откуп. Се уште калкулират со цените. Сметам дека барем треба да се држат до производната цена односно 27 денари за оризова арпа, вели Стојче Ташовски од Националната мрежа на земјоделци.

Новата мерка од шест денари за килограм откупена оризова арпа е со важност од 1 ноември 2024 до 31 март годинава. Како помош на оризопроизводителите ќе биде и откупот на ориз за стоковите резерви, но според нив, тоа се мали количини.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска во посета на рудникот САСА: Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите

Следно

НУШИЌ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИГРА КАКО ЛЕСНА КОМЕДИЈА ЗА ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА Е ВРВНА ПРЕТСТАВА, ВЕЛИ ТАЊА КОЧОВСКА ПРЕД ВЕЧЕРАШНАТА ПРЕМИЕРА НА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ВО МНТ

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop