Божиновска во посета на рудникот САСА: Приоритет се одржливи рударски практики и безбедност на рударите

January 25, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посети рудникот САСА, најголемиот подземен рудник за олово и цинк во Македонија, кој произведува приближно 800.000 тони руда годишно.

На средбата со претставниците на менаџерскиот тим на Рудник САСА, министерката Божиновска се запозна со работењето на САСА, со инвестициите во одржлив развој на рудникот и неговото значење и придонес за просперитетот на локалната заедница.

-САСА е важен дел од економската структура на нашата земја. Поддршката за овие проекти е клучна за одржливиот развој и за подобрување на условите за живот на локалната заедница. Како министерка мојата цел е да ги поддржам рударските практики кои се одржливи и безбедни и да ја истакнам важноста на иновациите во рударството. Со поддршка на модерни технологии, да работиме на создавање рударството кое е безбедно и одржливо, истакна Божиновска.

Во САСА директно се вработени околу 770 лица, најголем дел жители на локалната заедница. Успешното работење на рудникот Саса во изминатите шест години му овозможи да плати повеќе од 85 милиони долари во форма на даноци, кои се искористени за поддршка на развојот на земјата и подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

Генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн истакна дека во изминатите шест години како дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија, вложени се над 80 милиони долари во капитални проекти, современа рударска опрема, дигитализација, подобрување на безбедноста, стандардите и условите за работа во рудникот.

-Оваа посета на министерката Божиновска, која раководи со еден исклучително значаен ресор, за нас во САСА има посебно значење. Таа е дел од вкупната наша комуникација и соработка со институциите на централно и локално ниво, која е неопходна за натамошниот успех на САСА. Целта е да ги реализираме нашите инвестициски планови и проекти за безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени и нивните семејства, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за целокупниот просперитет на земјата, изјави Колбурн.

За време на посетата министерката ги посети и подземните руднички коридори каде разговараше со рударите за нивните искуства и предизвици. Работниците нагласија дека безбедноста на теренот е приоритет и дека постојано работат на подобрување на условите на работа.

-Рударите се срцето на овој рудник. Нивната безбедност и задоволство од работа се од суштинско значење за успешното функционирање на САСА, истакна министерката.

Божиновска ги посети и новите постројки кои се дел од инвестициски проекти значајни за заштита на животна средина и здравјето. Како, постројката за подготовка на паста за засип што ќе ја максимизира екстракцијата на ресурсите, намалувајќи ја потребата од оставање на руда на самото место.

Со изградбата на постојка за подготовка на јаловина за суво одлагање ќе се намали еколошкиот отпечаток, со тоа што нема да има потреба да гради уште едно јаловишно езеро во текот на постојниот животен век на рудникот.

Посетата на САСА е дел од континуираните активности на министерката Божиновска за директна комуникација и редовна посета на сите капацитети под ингеренции на министерството.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Анастасиос – архиепископот на Албанија

Следно

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop