Арсовски во Аргумент плус: Во Македонија сакам да видам култура во која културните работници нема да се само државни службеници

January 24, 2025
1 min read

Актерот Перо Арсовски во Аргумент плус рече дека во Македонија сака да види култура во која културните работници нема да се само државни службеници туку борци со уметничка мотивација и порив за работа. Според него, иако театрите се полни секој ден, во последно време на гледачите им нудат само евтина забава од кратки смешни претстави и стенд ап настапи.

„Моето поимање за културен работник е многу пошироко од тоа да биде само на сцена или да биде обезбеден од државата и да нема никаков мотив да работи и да биде битен во својата област, и со тоа да чувствува обврска да се оддолжи кон неа и кон власта. Тоа ја отапува острицата на критиката. Кај нас особено во културата не постои критика иако таа е потребна за да ја лоцира дијагнозата и ни покаже каде се проблемите и автоматски да се мотивираме и да бидеме поактивни и да бараме решение“, рече Арсовски и додаде дека има многу уметници кои не живеат во Македонија но се уште земаат плата од матичните институции.

Тој објасни и дека овој проблем е присутен и во останатите сектори и доколку почне јасно да се зборува за тоа кој не оди на работа а зема плата ќе се отвори Пандорина кутија која ќе повлече многу нови нешта. Според него, проблемот е во тоа што културата е секогаш на последно место за секоја нова власт и никој никогаш не сака да ги разгледа и реши проблемите.

„Најлошо за културата е што таа е тринаесетто прасе на политичарите и секогаш културата ја оставаат на опашката во нивното пазарење коалициите и тоа Министерство се доделува само на една или друга партија. Фактот дека во последниве шест години сменивме пет министри покажува колку овој сектор им е небитен“, изјави Арсовски и појасни дека буџетот кој се одвојува за култура е дополнителен проблем бидејќи не е соодветно распореден.

Арсовски потенцираше и дека многу пати се обидел да зборува за проблемите кои ги има културата во нашата држава, но никогаш не добил разбирање и поддршка ниту од министрите ниту од колегите.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Лазаров: Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат

Следно

Српскиот патријарх Порфириј во понеделник доаѓа во Скопје: Со г.г. Стефан ќе присуствува на Светосавската академија

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop