Лазаров: Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат

January 24, 2025
1 min read

Македонската ракометна репрезентација утре го игра последниот меч од втората фаза на Светското првенство (СП), а ривал ќе ни биде моќната Франција.

Французите веќе го обезбедија пласманот во четвртфиналето на СП, но селекторот Кире Лазаров не смета дека поради тоа противникот ќе се опушти во дуелот со Македонија.

„Франција заедно со Данска се едни од најдобрите репрезентации во последните 10 години. Ние утре нема што да загубиме. По пет исцрпувачки натпревари решивме денеска да им дадеме одмор на момците. Ако нешто ни е потребно, тоа е силата. Да се обидеме да одмориме и да одиграме квалитетен натпревар колку што ќе ни дозволи ривалот. Тоа е една моќна репрезентација, која е добра во дуел, многу трча и има 16 добри ракометари и ротира во натпреварот. Ќе биде тешко да се спротиставиме, ќе побарам од моите играчи да немаат многу респект кон противниците, мора да се учиме да играме против поголеми селекции. Треба да се посветиме самите на себе и да веруваме во тоа што работиме“, кажа Лазаров.

Селекторот ги анализирал ривалите и си потврдил дека станува збор за една од најсилните селекции во светот во моментов.

-Од тоа што можев да го видам минатата вечер и денеска, заклучив дека се опасни на сите позиции, цврсти се и може да шутираат од различни места на теренот. Ние треба да се одмориме и утре да излеземе на терен и да го дадеме нашиот максимум. Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат. Сепак, го знам нивниот начин на размислување, националниот дрес им е свет и секој од нив ќе се бори до крај. Јас сум задоволен од моите момци, од нивната пожртвуваност и игра. Очекувам утре да одиграме уште еден добар натпревар, меѓутоа колку ќе ни дозволи противникот, вели селекторот.

Македонија игра утре од 20:30 часот против Франција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Масовни антивладини протести во Братислава

Следно

Арсовски во Аргумент плус: Во Македонија сакам да видам култура во која културните работници нема да се само државни службеници

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop