Обвинителството во Прилеп го доби полицискиот извештај за повредениот ученик

January 24, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Прилеп го доби полицискиот извештај за повредениот шестоодделенец во основното училиште „Гоце Делчев“, кој во поладневната смена во понеделникот, од досега непознати причини паднал од прозорецот од највисокиот, трет кат, на училишната зграда и се здобил со тешки телесни повреди, скршеници на стапалата на нозете и на прешлени. Извештајот беше на барањето на Обвинителството со искази од медицински лица, од вработени на училиштето и од видео снимки за немилиот настан.

„Го добивме полицискиот извештај. Ќе ги разгледаме исказите, видео материјалот од камерите и, ако треба, ќе побараме искази од други лица кои не ги испитала комисијата за да констатираме што се случило. Случајот е класифициран како несреќен“, изјави в.д основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиеска.

Немилиот настан се случи во понеделникот, на 20 јануари, во поладневната смена на првиот училишен ден во второто полугодие во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, поконкретно во 14:35 часот, за време на големиот одмор. Веднаш била повикана службата за Итна помош. Лекарите констатирале дека ученикот бил во полусвесна состојба пред училишната зграда. Тој бил префрлен на Одделот за анестезија каде, првично биле констатирани скршеници на стапалото и сомнеж за скршеници на прешлените, а потоа пренесен на Детска хирургија во Скопје.

„Во училницата, на највисокиот кат, биле дежурниот ученик и 11-годишникот од шесто одделение. Дежурниот наставник поминал, го прашал шестоодделенецот зошто не излегол на големиот одмор и добил одговор дека му студи, има јадење и ќе остане во училницата. Кога заминал, а дежурниот ученик излегол да си земе храна, во тие неколку минути се случил немилиот настан“, објасни директорката на училиштето Снежана Котева, за МИА.

Ученикот се лекува на Детска хирургија во Скопје по скршениците на стапалата и на прешлените.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија (ФОТО)

Следно

Стојаноска: Граѓаните будно следат, нема веќе кој да ги лаже – работиме на дела, не на зборови

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop