Шефицата за надворешна политика на ЕУ нагласи посилна соработка со Туркије

January 24, 2025
2 mins read

АНКАРА (АА) – Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес ја нагласи важноста на односите меѓу Туркије и ЕУ и ги претстави заедничките приоритети за соработка, известува Анадолу.

Изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите во неодамнешната несреќа во пожарот кој зафати хотел во ски-центарот Карталкаја, Калас ја потврди клучната улога на Туркије како партнер на ЕУ за време на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Анкара.љ

„Како земја кандидат и важен сојузник во НАТО, Туркије има централна улога во европската безбедност“, рече Калас и додаде:

„Нашето економско партнерство е посилно од кога било и постои огромен потенцијал за соработка во трговијата, иновациите и борбата против тероризмот.“

Калас ги призна разликите меѓу Туркије и ЕУ по прашањето како што се Кипар и санкциите кон Русија, но ја нагласи потребата за напредок во владеењето на правото и човековите права за да се унапреди европскиот пат на Туркије.

„Нашите заеднички цели даваат основа за дијалог и соработка на високо ниво“, нагласи Калас.

– Прекин на огнот во Газа

Говорејќи за Газа, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика го поздрави неодамнешниот прекин на огнот како можност за мир, но апелираше за долгорочни решенија.

„Потребен ни е одржлив мир. Израелците и Палестинците заслужуваат мир на долг рок, а ЕУ и понатака ќе продолжи силно да го поддржува палестинскиот народ“, нагласи Калас.

Таа додаде дека ЕУ ја зголемува помошта и истражува начини за прераспоредување на својата мисија во регионот.

Израелските напади го оставија Појасот Газа во урнатини, а жителите се раселени, гладни и изложени на болести.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант во ноември минатата година за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата војна во оваа енклава.

– Сирија и Украина

На разговорите во Анкара беа опфатени и клучните регионални предизвици, вклучувајќи ги Сирија и Украина.

Зборувајќи за Сирија, Калас ги истакна потенцијалните можности и ризици по падот на режимот на Башар ал Асад.

„На сирискиот народ му треба влада која ќе ја претставува целата нивна различност“, рече Калас, истакнувајќи дека Европската унија е подготвена да ги ублажи санкциите кон Сирија во зависност од чекорите на новата влада.

Таа ги пофали напорите на Туркије во грижата за сириските бегалци и ја истакна важноста од обезбедување услови за нивно безбедно и достоинствено враќање.

Башар ал Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември 2024 година, ставајќи крај на повеќедецениското владеење на неговото семејство.

Зборувајќи за Украина, Калас ја повтори посветеноста на ЕУ да го поддржи Киев во екот на руската агресија.

Таа изјави дека ЕУ обезбедила 134 милијарди евра помош, обучила 75.000 украински војници и вовела најсеопфатни санкции во својата историја.

„Сите сакаме мир, но тој мора да биде одржлив. Никој не сака мир повеќе од Украинците“, нагласи Калас.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика изрази оптимизам во врска со иднината на соработката меѓу Туркије и ЕУ.

„Нашето партнерство има огромен потенцијал и се радувам на неговото понатамошно унапредување“, заклучи Калас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Д-р Гроздановска: Нов современ дигитален систем за прием, поставени монитори за повик на пациенти и бар-код читачи за скенирање на упатите

Следно

Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното

Latest from Blog

СДСМ: Целосна поддршка, СДСМ е со работниците за 1 мај и секој друг ден  

СДСМ изразува цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија. „Овој протест е гласот на работниците кои бараат повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на своите

Судот во Стразбур им укажа на српските власти дека треба да спречат употреба на звучно оружје

 Европскиот суд за човекови права и укажа на Владата на Србија дека треба да се спречи каква било употреба на звучни уреди за контрола врз граѓани кои се на собир, објавија белградските

Ердоган: Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата, додавајќи дека тие двајца се разбираат меѓусебно во

Израел евакуираше неколку градови, побара меѓународна помош за борба против пожарите предизвикани од топлотен бран

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските власти евакуираа неколку населени места и затворија еден од главните автопатишта во централниот дел на земјата поради шумските пожари предизвикани од екстремно високите температури, а Тел Авив побара

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица и управител на правно лице

На 29.04.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично
Go toTop