Голем степен на уништување во Северна Газа по израелските напади

January 24, 2025
1 min read

ПОЈАС ГАЗА (АА) – Снимките направени со дронови го откриваат големиот степен на уништување околу болницата „Камал Адван“ во северниот дел на Газа, каде што 80% од областа е уништена во израелските напади, оставајќи илјадници Палестинци без покрив над главата, јавува Анадолу.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со што е прекината геноцидната војна на Израел во енклавата, каде што од 7 октомври 2023 година досега убиени се речиси 47.300 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се најмалку 111.470.

Договорот за прекин на огнот, кој се состои од три фази, вклучува размена на затвореници и одржлив мир, со цел за траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа.

Во израелската офанзива исчезнаа над 11.000 луѓе, настанаа широко распространето уништување и хуманитарна криза во која животите ги загубија многу постари лица и деца во една од најлошите глобални хуманитарни катастрофи досега.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење за Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Падна“ создавачот на терористичката ќелија на ИСИС и уште 3 лица- планирале терористички акт на територија на Македонија

Следно

Кузмановски пред Тен Велде и Гитсел!

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop