Американскиот Стејт департментот престана да обработува барања за пасоши со ознака за пол „X“

January 24, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот Стејт департмент престана да обработува барања за пасоши со ознака за пол „X“ откако претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се признаваат само два пола: машки и женски, според извештаите, пренесува Анадолу.

Според интерна е-порака до која дојде британскиот „Гардијан“, државниот секретар Марко Рубио, во согласност со извршната наредба потпишана од Трамп во понеделникот, ги информирал вработените во Стејт департментот да ги спроведат новите насоки, нагласувајќи: „Политиката на САД е дека полот на индивидуата не може да се смени.“

Во извршната наредба на Трамп се вели дека САД признаваат само „два пола, машки и женски“ што ги опишува како „непроменлива биолошка реалност“.

Во наредбата, со наслов „Заштита на жените од родовиот идеолошки екстремизам и враќање на ‘биолошката вистина’ во федералната Влада“, се бара владините документи за идентификација, вклучително пасоши, визи и други документи за патување, да го рефлектираат „непроменливото биолошко определување како машко или женско“.

Стејт департментот првпат издаде пасоши со небинарната ознака „X“ во април 2022 година.

Вчера вработените во Стејт департментот беа известени да „го суспендираат секое барање за пасош со ознака за пол ‘Х’“ и да „го суспендираат секое барање за промена на ознаката за пол“ во согласност со извршната наредба, според „Гардијан“.

Интернет-страницата „NOTUS“, цитирајќи извори од Белата куќа, пренесува дека извршната наредба од понеделникот не се применува ретроактивно и не ги поништува постојните пасоши, но дека со новата извршна наредба мора да стои полот кој е одреден при раѓање.

Анадолу се обрати до Стејт департментот за коментар, но не доби веднаш одговор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500,000 евра

Следно

Карабатиќ: Македонија многу напредна, секој љубител на ракометот го забележува тоа!

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop