Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји, што ќе значи сигурна иднина за македонските граѓани

January 23, 2025
2 mins read

Во САД имавме навистина содржајни средби што траеја повеќе од час и половина, каде можевме во тој период да ги претставиме нашите приоритети како Влада, кои се потенцијалите на државата, но истовремено и предизвиците со кои се соочувавме во минатото и со кои ќе се соочуваме во иднина. Мислам дека испративме порака дека оваа Влада како стратешки партнер на САД, има намера да ги јакне врските меѓу двете земји уште повеќе и на уште повисоко ниво, а тоа значи сигурна иднина за македонските граѓани, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вечерва во интервјуто на дневникот на МРТ, говорејќи за средбите што ги остварил за време на работната средба во Вашингтон по повод инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека се видел со луѓе кои се „глас“ во периметарот на претседателот Трамп, дел беа покажани во јавноста преку официјалните средби кои се објавуваа преку владините соопштенија, но потенцираше дека за дел од средбите македонските граѓани дополнително ќе дознаат, бидејќи уште не се именувани, а се значајни за нас како држава.

-Поради временските услови се одлучи настанот да има неколку продолженија, односно неколку настани. Првиот беше во Конгресот, каде што присуствуваа конгресмени и сенатори, на вториот настан претседателот Трамп го држеше говорот, заедно со своите најблиски соработници, јас бев во посебен дел заедно со претседателот на Републиканската партија, кој што присуствуваше со неговото семејство. За нас, како мала држава и за мене како претседател на Владата, беше голема чест да бидам присутен на тој настан, рече Мицкоски.

Тој ги потенцираше средбите со Дан Бонгино и со Девин Нунес, за кои, како што рече, се најголем „глас“ во периметарот на претседателот Трамп, исклучително блиски луѓе чие што мислење многу значи за претседателот на САД.

-Би сакал да кажам дека треба на самиот почеток на администрацијата на Трамп да ги поставиме работите и би рекол дека никогаш немате втора шанса за прв впечаток. Многу е важно да го оставиме првиот впечаток и да бидете тука на самиот почеток на функционирањето на оваа администрација и мислам дека ние успеавме. Во периодот кој што следи, голем дел од тие средби дополнително ќе ги објавуваме како и резултатите од сето ова. Мислам дека испративме порака дека оваа Влада како стратешки партнер на САД има намера да ги јакне врските меѓу двете земји уште повеќе и на уште повисоко ниво, додаде Мицкоски.

Тој ја спомена и средбата која ја остварил со Крис Павловски, сопственикот на Рамбл компанијата, со македонската дијаспора, како и со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, при што меѓудрутото, се разговарало и за предизвиците на Балканот.

Прашан за ставовите на опозоцијата, Мицкоски посочи дека опозицијата не ја гледа суштината, а тоа е дека она што се случи во Вашингтон се моменти кога можеби се одлучувачки за иднината на нашата држава.

-Јас ги следам случувањата дома и тоа што го прави опозицијата и поединци блиски до опозицијата за мене е разбирливо, бидејќи нормално е дека тие сакаат тема на оваа посета да биде дали сме добиле покани, дали некоја ПР агенција ни ги набавила тие покани, дали сме ги купиле. Тие не сакаат да ја гледаат суштината. Во периодот што следи ќе видат за некои работи кои се случуваа во Вашингтон, а се практично моменти кога можеби се одлучува суштината и иднината на Македонија и иднината на граѓаните. Не е добро што одбрале таков начин, но во ред, сепак тие си имаат своја стратегија. Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на американски претседател, така и оваа требаше да биде на истото место како што била со децении наназад, во организација на организациониот комитет кои што го формираат конгресмени, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Следно

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: „Зошто се почувствуваа повикани кога не ги споменав“

Latest from Blog

Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема да присуствуваат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп. Трамп

ДЗР: Од 2020 до 2023 во државава вкупно 31.176 сообраќајки, 15.724 со потешки последици, загинале 457 лица

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот

Турскиот министер Фидан на состанокот на НАТО: Турција е почестена што е домаќин на овој важен состанок

ИСТАНБУЛ/АНТАЛИЈА (АА) – Турција е почестена да биде домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, особено во ваков поволен момент, изјави денес министерот за надворешни работи на земјата Хакан

Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид

Килијан Мбапе испиша историја во дресот на Реал Мадрид. Кралскиот клуб направи пресврт против Мајорка во среда навечер, во 36-то коло од шпанското првенство, и ја одложи прославата на титулата на Барселона

Германија ја повика Русија активно да учествува во мировните преговори со Украина во Истанбул

БЕРЛИН (АА) – Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес ја повика Русија да ја преиспита својата позиција и активно да учествува во мировните преговори со Украина во Истанбул, јавува Анадолу.
Go toTop