Ердоган: Туркије е подготвена да го поддржи решавањето на спорот Руанда – ДР Конго

January 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ја даде сета потребна поддршка за решавање на спорот меѓу Руанда и Демократска Република Конго, доколку тоа го сакаат и двете страни, известува Анадолу.

„Ние, како Туркије, сме подготвени да ја обезбедиме сета потребна поддршка за решавање на ова прашање, што ќе придонесе за стабилноста и мирот во регионот на Големите Езера, доколку двете страни го сакаат тоа“, рече Ердоган по средбата со претседателот на Руанда, Пол Кагаме, во Анкара.

Конго ја обвинува соседна Руанда дека ја поддржува бунтовничката група М23, која започна востание во источно Конго во 2022 година. Руанда ги отфрла овие обвинувања.

– Руанда е една од земјите што даде најбрза поддршка во борбата против ФЕТО

Ердоган ги пофали напорите на Руанда во борбата против терористичката организација ФЕТО. Претседателот на Туркије истакна дека Руанда е една од земјите што даде најбрза поддршка во борбата против ФЕТО, која го организираше неуспешниот обид за воен удар во Туркије на 15 јули 2016 година. За време на обидот за државен удар животот го загубија 252 лица, а 2.734 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стои зад долгорочната кампања за соборување на државните структури на Туркије преку инфилтрација на терористи во државните институции, особено во Армијата, полицијата и судството. Туркије ја предупредува меѓународната заедница дека терористите на ФЕТО претставуваат закана за сите земји во кои дејствуваат.

Ердоган и Кагаме присуствуваа и на церемонијата на потпишување четири билатерални договори за соработка меѓу Туркије и Руанда.

Станува збор за договори за соработка меѓу Агенцијата за радиодифузија на Руанда (РБА) и Турската радио и телевизиска корпорација (ТРТ), за соработка во истрагите за несреќи, за соработка во областа на медиумите и комуникациите и за соработка меѓу Дирекцијата за одбранбени индустрии на Туркије и Министерството за одбрана на Руанда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија

Следно

Објавени номинациите за Оскар

Latest from Blog

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето
Go toTop