Турското Министерство за одбрана: Продолжува мисијата на турските сили во Сирија

January 23, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Должностите на турските војници во Сирија не се завршени и продолжуваат, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, осврнувајќи се на турските операции против тероризмот во пограничните региони, јавува Анадолу.

„Во зависност од потребите, може да се разгледа прераспределување на нашите трупи во Сирија или нивно праќање во други региони“, соопшти турското Министерство на платформата X.

Од 2016 година Туркије во Северна Сирија спроведува серија успешни антитерористички операции, како операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел спречување на создавање терористички коридор и обезбедување мирно враќање на локалното население.

Турските власти нагласуваат дека нема да дозволат терористичките организации да искористат каква било безбедносна празнина во Сирија по Асад, туку дека тие мора да го положат оружјето и да се распуштат.

Дополнително, портпаролот на Министерството, адмирал Зеки Актурк, на неделниот брифинг во Анкара изјави: „Со непрекинати и успешни операции против заканите и опасностите, особено против терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ/СДФ и ДЕАШ, 69 терористи беа неутрализирани во текот на изминатата недела, а вкупно 221 терорист се неутрализирани од 1 јануари, вклучително и 64 во Северен Ирак и 157 во Северна Сирија.“

„Со продолжување на уништувањето на терористичките засолништа, турските вооружени сили запленија голема количина оружје, муниција и материјали во пештери што им припаѓаат на терористите во областа на операцијата ‘Канџа-Катанец’ во Северен Ирак“, додаде тој.

Исто така, тој изјави: „Оваа недела терорист од ПКК, кој избегал од засолништата во Северен Ирак, ѝ се предаде на нашата гранична станица во Џизре/Ширнак.“

„Борбата на турските вооружени сили против тероризмот ќе продолжи со решителност и одлучност сè додека не остане ниту еден терорист“, истакна Актурк.

За мерките за гранична контрола, тој истакна: „Од 1 јануари бројот на лица приведени при обид за нелегално преминување на нашите граници достигна 320. Само изминатата недела 1.496 лица беа спречени, што го зголеми вкупниот број на запрени лица на 5.130.“

Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак за да планираат напади врз Туркије.

Во 2022 година Туркије ја започна операцијата „Канџа-Катанец“ во која цел беа засолништата на терористичката организација во северноирачките региони Метина, Зап и Авашин-Басјан.

ПКК, која води 40-годишна кампања на тероризам против Туркије, е класифицирана како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ. ЈПГ – која понекогаш се нарекува ПЈД или СДФ – е сириски огранок на ПКК.

Последниве години, вклучително по минатомесечното паѓање на режимот на Асад, ПКК/ЈПГ се обидува да ја искористи регионалната нестабилност за создавање „терористички коридор“ по должината на границата со Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ го пропушти вториот тренинг пред полуфиналето на Австралија Опен

Следно

Во Битола стапуваат на сила мерките за високо загаден воздух

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop