Анализа: Осаменоста на непостоечката вашингтонска „негатива“ на СДСМ и истрошените медиумски апологети

January 23, 2025
4 mins read

Сами сте кога во просторот околу вас нема други луѓе, а осамени кога не чувствувате поврзаност со другите луѓе и кога немате луѓе со кои чувствувате и разменувате блискост и интимност. Така вели теоријата. Во пракса, пак, ова второто им се случи на СДСМ и нивните медиумски потрчковци и апологети, кои останаа осамени во луцидниот порив да ја „докажат“ бесмисленоста и непотребноста од присуството на премиерот Христијан Мицкоски зачинета со „ултра-негативата“ од доаѓањето на македонската делегација на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Акт кај народот познат како „барање влакно во јајцето“.

Едни те исти, пет-шест „колумнисти“ и дузина провокатори кои целата „новинарска“, „експертска“ и „аналитичарска“ кариера се еден вид на чистачи зад партијата од Бихаќка, на позиција на низок старт и поставени „на копче“ кое се притиска кога социјалдемокраите ќе укашкаат или ќе западнат во егзистенцијална криза, па тие ќе „средат“ зад нив. И така, триесет и четири години. Медиумски „хигиеничари“ и агипропи. Чистачи, соодветни на ролјата на „чистачот“ кој го играше Харви Кајтел во „Евтини приказни“ на Тарантино, лик „на повик“ со единствена задача – да се справи со кашканиците и  телата на ликвидираните од мафијашките пресметки. Во Македонија претставен од константен, еден те ист состав на унисона сурија манипулатори, релативизатори и девалватори, катадневни протежеа на ступидната максима „сите се исти“. Во хор. А, за жал на кујната од Бихаќка, не биле. Далеку од тоа…

Контра нив, деновиве слушнавме аргументирани ставови на дузина вистински експерти, политичари и новинари (дел и „лево“ ориентирани), кои во најголем дел не можеа да се изначудат на небулозниот став на опозицијата и просдсмовските „експерти“ и „новинари“ кои преку сеирџиски пристап и редица пропагандистички повраќаници „застанаа“ против позитивата на случувањата во Вашингтон и македонското присуство таму. Во Белата куќа, црвеното копче служи за да Трамп повика да му донесат диетална Кока кола. Во Бихаќка, црвеното копче служело за друга намена – „повикај го пријателот/новинарот/експертот“. Истото, било излижано од  силна употреба. Сетете се само на „Фабриката“ на Бранко и Бучко, на Чаушот, па се до традиционалните Џабировци, Кризаовци, Бојаровци итн. Итд. И др…

Околу ваквите мизантропски изливи на емоции против застанаа и некои дежурни критичари на власта, кои логично, не можеа да ја разберат мотивацијата за плукање по секоја цена по власта и премиерот.

Така, дури и Катерина Блажевска ќе напише: „ Прашањето зошто Мицкоски би одел во Вашингтон, црпи „релевантност“ од навиката да имаме „премиери како досега“: за седење дома, за пеење по саеми „дајте вино сакам лом“ или за споредување цени на шпагети по маркети, Споредбата со двата примера, покажува дека за разлика од зрелите демократии, кај нас се уште владее надживеаната менталитетска матрица – по дефиниција да се критикува се и сешто. Заминал премиерот во на инаугурација на Трамп во Вашингтон? Критикувај! Критикувај најсилно што можеш. А зошто да не оди? Ни самиот критичар не знае да објасни“, посочува новинарката.

„Бидејќи, само до вчера „пискотници се слушаа од Галичник до Река“, зошто претседателката Гордана Силјановска не заминала на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, како ни на отворањето на Олимписките игри, претходно. Аргументите на критичарите беа дека тоа е важно зашто таму ќе присуствуваат значајни личности од целиот свет. A сега, кого погледите на светот беа свртени кон САД, „логиката“ на речиси истите критичари отиде во друг апсурден екстрем – „што бара Мицкоски во Вашингтон“, анализира Блажевска и додава дека станува многу очигледно дека во време кога светот е пред големи промени, ние како општество не сме подготвени ни за милиметар да се поместиме.

„Не мора политички/идеолошки да се согласувате со премиерот, но навистина е фрапантно кога нема да се покаже минимум почит барем кон неговите обиди да отвори некаков капиџик за земјата – развоен, инвестициски, трговски… Можеби ќе успее, можеби не, но ќе знаеме дека се обидел, наместо да седи со скрстени раце.“ Потенцира во наплив на реалност дежурната критичарка на власта на ВМРО-ДПМНЕ која финишира со констатацијата дека на крајот неколку факти остануваат неспорни – Мицкоски ниту „купил“ можност за присуство, ниту се „шверцувал” на инаугуративните церомонии.

„Тој не отиде на прошетка во пустински дел од Невада, каде не ќе може да слушне ништо друго освен своето ехо или его, ниту да види нешто повеќе од својата сенка. Беше во политички фреквентниот Вашинтон каде оствари серија средби кои смета дека се значајни за интересите на земјата. Негова обврска како премиер е да го прави токму тоа. И го направи. Ако е тоа неговиот основен „грев“, останува да се надеваме дека и во иднина ќе продолжи да биде ‘грешен’,“ поентира новинарката во ставот пренесен на Дојче Веле.

Во меѓувреме, редица реални и продесни аналитичари и експерти со богата кариера позитивно го оценија присуството на премиерот и Македонската делегација во Вашингтон, најважниот настан во светот во моментот.

Ништо чудно и Илон Маск да дојде во Македонија, изјави поранешниорт амбасадор Марјан Ѓорчев во емисијата „За или против“, потенцирајќи го големиот успех и чест кои на Македонија им ги носи ексклузивитетот на присуството на премиерот Христијан Мицкоски и самата покана за инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

„Тоа е тоа што го носи новиот дух, она што го носи нашиот премеир Христијан Мицкоски, а не како оние претходно само со папагалско повторување „Сакаме во ЕУ, сакаме во ЕУ“, а не дојде ниту една инвестиција 7 години, а се задолживме за 5 милијарди евра, па долгот од 6 милијарди стана 11 милијарди, а во меѓувреме општествениот производ не порасна ни толку за колку што се задолживме“, вели Ѓорчев.

Ситните души ќе речат дека тој е близок до ВМРО, другите дека е повеќе од реален. Факт, пак, е дека е цело кога има се’. А уште „пофакт“ дека контраши, песимисти и гласачи за ес-де-ес има се’ помалку и помалку. Оние вторите во прикаската, мнозинството/народот, се’ уште не можат да разберат и да сфатат во што е „гревот“ на премиерот Мицкоски со присуството на инаугурацијата на Трамп. Дузина факти кои ја отвораат најголемата и најлогична дилема – каков премиер сакате да имате во Македонија?

Одговорот, е повеќе од јасен.

 

Љупчо Цветановски

 

 

 

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Следно

Руте: НАТО нема да може да се одбрани за четири до пет години со тековното ниво на издвојувања за одбраната

Latest from Blog

Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји, што ќе значи сигурна иднина за македонските граѓани

Во САД имавме навистина содржајни средби што траеја повеќе од час и половина, каде можевме во тој период да ги претставиме нашите приоритети како Влада, кои се потенцијалите на државата, но истовремено

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи во интервјуто за дневникот на МРТ, задоволен е како досега функционира Владата

Фрчковски во Аргумент плус: Вториот француски предлог е најдобра опција за нашата држава

Поранешниот министер за надворешни работи и професор Љубомир Фрчковски во Аргумент плус рече дека пред да се размислува за Уставни измени со одложено дејство, потребно е владата на ВМРО-ДПМНЕ да го разгледа

Реал е клуб со најголема заработка минатата сезона

Меѓународната консултантска компанија „Делаит“ објави листа на клубови со најголеми приходи во сезоната 2023/24. Реал Мадрид го зазеде првото место во рангирањето. „Кралскиот клуб“ е првиот клуб во историјата чиј приход за
Go toTop