Клековски очекува до крајот на јануари да ги има сите лекови на Онкологија

January 22, 2025
1 min read

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, за МИА изјави дека се очекува до крајот на јануари да бидат обезбедени сите недостасувачки лекови на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Според него, четири од шесте дефицитарни лекови ќе бидат обезбедени преку анекси, еден преку донација, а за останатиот ќе се најде решение.

Клековски додаде дека денеска ќе се одржи состанок со клиниките за онкологија, хематологија и ИЈЗ за следење на пациентите и воведување регистри за скапи лекови, како што се во онкологија, хематологија и педијатрија. Планирано е воведување регистар за болни од хемофилија во трансфузиологија.

Тој очекува регистрите да бидат готови до средината на годината, со цел зголемување на транспарентноста и одговорноста во користењето на јавните средства, посочувајќи дека без тоа нема да се одобри зголемување на буџетот за 2025 година.

Во меѓувреме, пациентите на Онкологија се соочуваат со недостаток на биолошки терапији, како што се „atezolizumab“, „bevacizumab“ и други, со страв дека наскоро ќе недостигаат и други важни лекови.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА РЕНОМИРАНИОТ СЛИКАР КОЛЕ МАНЕВ

Следно

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски гостин во „За или против“ на ТВ Алфа

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop