Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес во САД се зголеми на 28

January 22, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – На 28 се зголеми бројот на загинати во пожарите што со денови горат во градот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, известува Анадолу.

Според вестите што ги објавија американските медиуми, продолжуваат напорите за сузбивање на пожарите кои во земјата траат веќе 16 дена.

Судскиот медицински институт на округот Лос Анџелес објави дека бројот на загинати во пожарите се зголемил на 28.

Одделот за шумарство и заштита од пожари на Калифорнија објави дека под контрола се ставени 65 % од пожарите во Палисејдс, каде во пепел се претворени приближно 24.000 хектари, и 89 % од пожарите во Итон, каде пожарите се прошириле на површина од приближно 14.000 хектари.

Пожарот во Лилак, што избувна вчера поради силните ветрови во Сан Диего во јужна Калифорнија, принуди на евакуација речиси 85 лица.

Властите соопштија дека под контрола се ставени 50 % од пожарите во Лилак, при што учествувале околу 200 пожарникари.

Вкупната штета и економската загуба од шумските пожари што започнаа во регионот Пацифик Палисејдс во Лос Анџелес утрото на 7 јануари и брзо се проширија во околните области, особено во областите Итон, Херст, Сансет и Вудли, се проценува на вредност од околу 250 до 275 милијарди долари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клековски очекува неделава да се надмине недостигот на два лека на Онкологија

Следно

Кизиќ: Веруваме во себе, можеме да одиграме уште ден добар меч и против Катар

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop