Најмалку 16 загинати и 8 исчезнати во поплави и свлечишта во Индонезија

January 22, 2025
1 min read

ЏАКАРТА (АА) – Според првичните информации, најмалку 16 лица ги загубија животите, а 8 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните врнежи на индонезискиот остров Јава, известува Анадолу.

Индонезискиот национален центар за катастрофи објави дека поради прекумерните врнежи островот Јава го зафатиле поплави и свлечишта.

Во соопштението се наведува дека неповолните временски услови и нерамниот терен ги забавиле напорите за потрага и спасување, а според првичните информации, животот го загубиле најмалку 16 лица, а осум лица сѐ уште се водат како исчезнати.

Националниот центар за катастрофи наведе дека во околните болници продолжува лекувањето на 11 лица кои се спасиле од катастрофата.

Сезонските врнежи во Индонезија, кои можат да траат од октомври до март, честопати предизвикаат поплави и свлечишта.

Индонезиската Влада соопшти дека сака да го пресели главниот град Џакарта, бидејќи неговото население од 10 милиони е погодено од природни катастрофи, како што се годишните поплави, инфраструктурни проблеми и прекумерна експлоатација на подземните води, што предизвикува брзо да тонат северните делови на градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Борбата дома е борба која што ние ќе ја водиме и тоа го правиме откако сме избрани како Влада (ВИДЕО)

Следно

Вистинска негрижа во Фудбалската Академија – ФФМ објави снимка од ужасот во спортската институција! (ВИДЕО)

Latest from Blog

ХАЛАНДМИНАТОР…(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup Бразил – Норвешка 1:2 во меч од 1/8 финалето и за пласман на европската селекција во 1/4 финалето каде ќе се сретне со подобриот од дуелот Мексико – Англија. Фантастична партија

Охрид деновиве живее во полн туристички ритам

Раздвижени улици, полни тераси и плажи – Охрид деновиве живее во полн туристички ритам. Во екот на летната сезона, кога градот е преплавен со гости од земјава и странство, повторно се актуализира

Роналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Светското првенство во 2026 година ќе биде последното за Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија потврди дека ова СП навистина ќе биде негово последно. Пред осминафиналниот натпревар со Шпанија, закажан за понеделник,

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување

Голем пожар во Кисела Вода

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и
Go toTop