11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност

January 21, 2025
1 min read

11-годишниот ученик од шесто одделение во Прилеп се наоѓа на лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, откако вчера попладне, за време на големиот одмор, паднал од највисокиот кат на училиштето „Гоце Делчев“. Од училиштето го опишуваат ученикот како дисциплиниран, трудољубив, дружељубив и примерен, со одличен успех и поведение.

Настанот се случил околу 14:35 часот, при што ученикот се здобил со тешки повреди, вклучително скршеници. По несреќата, веднаш била повикана Итната медицинска помош, која го транспортирала до прилепската болница „Борка Талески“. По првичните испитувања, ученикот бил префрлен на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Директорката на училиштето, Снежана Котева, информира дека веднаш по инцидентот, вработените реагирале брзо и навремено. „Ученикот беше контактибилен, свесен за времето и просторот. По одредени испитувања во прилепската болница, беше препорачан транспорт во Скопје. Според последните информации од дежурниот лекар, ученикот е во стабилна здравствена состојба, надвор од животна опасност, и покрај повредите,“ стои во соопштението од училиштето.

Котева истакна дека училиштето ги почитува сите безбедносни протоколи и дека дежурните наставници совесно ја извршуваат својата должност.

„Вработените го почитуваат кодексот на однесување и одговорно ги исполнуваат обврските,“ се додава во соопштението.

Настанот предизвика загриженост кај јавноста, но од училиштето уверуваат дека се преземени сите потребни мерки за поддршка на ученикот и неговото семејство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ќе купува авион? Нема пари за леб, Мицкоски сака погача

Следно

Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт – ИРИ

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop