Зеленски со благодарност до Бајден за поддршката кон Украина: Moра да обезбедиме победа оваа година

February 21, 2023
1 min read

Употребувајќи ги истите зборови со кои се обрати и Бајден во својот говор „Киев стои силно. Киев стои гордо и најважно, Киев стои слободно“, Зеленски порача дека обединета со САД, Украина цели кон својата победа над Русија, која како што посочи, мора да се случи оваа година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва преку објава на Твитер му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за поддршката која Украина ја добива од Соединетите Американски Држави, откако Бајден во својот говор од Варшава порача дека сојузниците стојат цврсто против руската агресија.

EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Употребувајќи ги истите зборови со кои се обрати и Бајден во својот говор „Киев стои силно. Киев стои гордо и најважно, Киев стои слободно“, Зеленски порача дека обединета со САД, Украина цели кон својата победа над Русија, која како што посочи, мора да се случи оваа година.

„Му благодарам на претседателот Бајден и на цела Америка за нивното лидерство во обединувањето на светот за поддршка на слободата и за нивната витална помош за Украина. Заедно одиме кон заедничка победа и мора да ја обезбедиме веќе оваа година! Сите стоиме обединети и храбри – Украина, САД и целата наша коалиција на победата“,

напиша Зеленски на Твитер.

Претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден во своето обраќање од Варшава, во пресрет на годишнината од руската инвазија, порача дека Украина никогаш нема да биде победена од Русија.

Не само што по една година од војната Украина не е поразена туку, како што кажа Бајден, таа е сè уште независна и слободна – од Херсон па сè до Киев. Американскиот претседател додаде оти Украина никогаш нема да ја загуби поддршката од САД и НАТО и нагласи дека сојузниците стојат цврсто против руската агресија.

Меѓу другото, Бајден во своето обраќање од Варшава ги негираше тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин оти Западот е виновен за почетокот на војната во Украина и дека САД и европските држави се обидуваат да ја контролираат или уништат Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пренџов: 61% од граѓаните сметаат дека нема демократија, затоа е време за предвремени избори да излеземе пред граѓаните секој со своја понуда

Следно

Во ЕУ употребата на гас намалена за речиси 20 проценти

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

Наместо 10 денари, дизелот би требало да поскапи околу 3 денари – Се намалува ДДВ-то за горива од 18% на 10%

Извршната власт подготвува интервентни мерки за да ги заштити граѓаните од најавениот драстичен скок на цените на горивата на светските берзи. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, без владина реакција, бензините би
Go toTop