Наумовски во 24 анализа: Трамп има отворени раце и очекувам да биде многу радикален

January 20, 2025
1 min read

Поранешниот амбасадор Васко Наумовски во 24 анализа рече дека Трамп во неговиот втор мандат се очекува да биде многу радикален. Според него, тој има отворени раце за остварување на своите предизборни ветувања бидејќи граѓаните на САД му дадоа голема поддршка.

„Се посветува на своите ветувања од предизборната кампања и најави потпишување на извршни наредби со што од прв ден почнува со своите политики и сака да покаже контраст од водењето на Бајден. Прашањата за родовите, мигрантите и војните сметам дека многумина и внатре и надвор од САД ќе ги остават изненадени за тоа колку Трамп ќе биде радикален“, рече Наумовски и додаде дека очекува Трамп да побара уште еден мандат за да може да оствари се.

Тој зборуваше и за присуството на македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. Според него не е важно кој не поканил туку важно е дека нашата делегација е таму.

„Мислам дека треба да бидеме задоволни што го имаме премиерот и делегацијата таму, кога имаат прилика во името на Македонија да се среќаваат и со поранешни и со идни функционери, луѓе од најблиското опкружување на Трамп и средби со претставници од бизнис заедницата, треба да  ги претстават ставовите на Македонија и да ги доближат до белата куќа“, потенцираше Наумовски.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Еве од каде Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Доналд Трамп

Следно

По Илире Даути, повторно Илире Даути?

Latest from Blog

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,
Go toTop