Започна второто полугодие – основното училиште во Блаце, 12 ученици, 3 наставници, 1 барака

January 20, 2025
1 min read

Овој објект однадвор не личи, но всушност е училиште. На врвот на ридот, опкружено со животински фарми. Иако има малку ученици, тие се доволни да го одржат во живот ова училиште кое е на периферијата на Блаце. Во училиштето „Михаил Грамено“ во населбата Барди во село Блаце има само 12 ученици во сите пет паралелки. Ова полугодие  го пречекаа со нова енергија, но со стари проблеми. Спроведуваат мешана настава, но само до петто одделение. Од шесто до деветто одделение овие ученици се принудени да патуваат.

„Во оваа барака трета година се одвива настава за основно образование во населбата Барди, овде во селото Блаце. Но, по завршувањето на 5-то одделение, учениците се принудени да избираат помеѓу централното училиште кое се наоѓа во Горно Блаце, наречено „Михаил Грамено“, или да одат до Елез Хан, кое е многу поблиску, но имаат проблем со свидетелствата кои треба да се нострифицираат“, вели репортерот на ТВ21.

Овој наставник, кој во образованието е 40 години, вели дека како и секој почеток на годината и тие ги имаат истите проблеми. Иако во секоја учебна година се пријавени по 2-3 ученици, оние кои сакаат да продолжат со школувањето мора да ја поминат границата.

„Откако нашите деца ќе завршат 5-то одделение, продолжуваат во Елез Хан, поблиску ни е отколку тоа во Блаце, малите деца не можат. Тие се многу блиску до границата и таму обично одат. Дали ви претставуваат некакви проблеми свидетелствата што ги добивате од друга земја, од Република Косово? Тоа е стар проблем бидејќи свидетелствата треба да се нострифицираат. Треба да помине во министерствата и не од рака на рака, туку преку институциите“, вели Мухиб Џавити.

Тројцата наставници во овие две паралелки, со комбинирана одделенска настава, велат дека условите се добри, но немањето ученици е последица на масовното раселување од оваа населба која се наоѓа во неутрална зона.

„Овде наставата добро се одвива во комбинирани паралелки, немаме никакви проблеми со материјалот, условите се многу добри, тука имаме се што ни треба. Имаме и компјутери и техничкиот дел е развиен, немаме никакви проблеми“, вели Шпреса Рогаќи.

Проблемот на училиштете од населбата Барди во Долна Блаце трае многу години бидејќи учениците се принудени на семеен трошок да патуваат во Косово за да го завршат основното училиште, што е уставно право на секој граѓанин на земјата, да обезбеди услови за основно образование . И по многуте ветувања дека овој проблем долгорочно ќе се решава, единствено решение е оваа барака, поставена по многу инсистирање на медиумите и протести на жителите на ова село.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови два случаи на Ковид-19 во Македонија, за 20 дена 13 заболени лица

Следно

Мицкоски на важни средби во Вашингтон: Лобираме за македонските интереси!

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop